HomeМинистерстваМСПДМ: Средба на министерот Лимани со нашите претставници на Специјалните Олимписки Зимски...

МСПДМ: Средба на министерот Лимани со нашите претставници на Специјалните Олимписки Зимски Игри – Торино 2025

spot_img
spot_img

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани се сретна со претставниците од Република Северна Македонија на Специјалните Олимписки Зимски Игри – Торино 2025!

Тој срдечно им честиташе за освоените сребрени медали на Албан Бајрамовски и Фатмире Бајрамоска за трудот, енергијата и посветеноста која ја вложуваат години наназад. Тие се натпреваруваа во категоријата- крос кантри скијање, а се корисници во Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје. 

„Горди сме на успехот кој што го постигнавте кој е инспирација за сите нас!  Вашиот успех е и наш успех, затоа што вие сте најдобрите претставници на она кое што ние како институции се залагаме и го работиме,“ порача Министерот Лимани.

Ова претставува уште  една потврда за позитивните ефекти од деинституционализацијата и осамостојувањето на корисниците/лицата со попреченост во секојдневното функционирање. Инклузивниот пристап дава резултати. Секој е важен!

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте