HomeМинистерстваМФ: Димитриеска-Кочоска на панел-дискусија за финансиска писменост кај младите – Финансиски едуцирано...

МФ: Димитриеска-Кочоска на панел-дискусија за финансиска писменост кај младите – Финансиски едуцирано население носи економски развој и е подготвено за користење нови финансиски инструменти

spot_img
spot_img

Министерството за финансии има активна улога во подигнувањето на свеста за значењето на финансиската писменост. Заедно со Народната банка, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност подготвија Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија за периодот 2021 – 2025 година со цел зајакнување на вештините на населението за управување со личните финансии и подобрување на способноста на граѓаните за донесување информирани одлуки во однос на финансиските производи и услуги.

Финансиската писменост и како познавањето на финансиите ја обликува иднината на младите беa дел од темите на панел-дискусијата на која учествуваа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, претседателката на Советот на експерти на АСО Ели Дракуловска, , членот на Советот на експерти на МАПАС Дарко Саздов и професорот на Економскиот факултет – Скопје и надворешен комисионер при КХВ Кирил Јовановски.

Министерката Димитриеска-Кочоска потенцира дека финансиската писменост игра голема улога во заштита на граѓаните, особено ако се земат предвид современите технолошки процеси во финансискиот сектор.

Во текот на панел-дискусијата, таа одговараше на прашањата од публиката, која беше составена од студенти. Притоа, заедно со одругите говорници се осврнаа на повеќе теми што ги засегаа младите, а се поврзани со нивните лични финансии и начините на штедење.

Панел-дискусијата се одржа во рамки на Глобалната недела на парите, а во организација на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје.

Извор: Министерство за Финансии

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте