Црвен картон од граѓаните за катастрофалните политики на дезертерот Зоран Заев и СДСМ.
Американскиот институт НДИ потврди дека рејтингот на СДСМ драматично паѓа, се прекрши работата, никој не им верува на криминалците.
Анкетата која ја објави Националниот демократски институт потврди дека народот ќе го порази Зоран Заев и СДСМ на следните избори заради лошите политики, криминалот и корупцијата.
Од анкетата на НДИ јасно се гледа дека граѓаните повеќе не му веруваат на СДСМ и дека ти е водат целосно погрешна политика.
Според анкетата, најлошо оваа криминална власт се справува со економијата, 20% од испитаниците одговориле дека токму економијата е најголем проблем во државата. 17 % од граѓаните се изјасниле дека владата не се справува со невработеноста и отварањето на нови работни места, додека 11% кажале дека најлошо е во здравството и здравствениот систем.
Исто така граѓаните забележуваат и назадување во демократијата и демократските вредности во државата, токму поради дискриминаторските политики, политичкиот прогон, како и невладеењето на правото во државата.
Ова е реалната слика во Република Македонија, слика без розеви наочари.
Нема капитални инвестиции, нема нови работни места, над 60 илјади луѓе останаа без работа, целосен хаос во здравство, без план во образованието, уништено земјоделие се само мал дел од „проектите“ на оваа власт. Затоа граѓаните се помалку им веруваат и казната за ваквите лоши политики ќе дојде многу скоро.

Извор: ВМРО ДПМНЕ