HomeМинистерстваМФ: Димитриеска-Кочоска - Повратот на ДДВ кон етаблираните компании се одвива без...

МФ: Димитриеска-Кочоска – Повратот на ДДВ кон етаблираните компании се одвива без застој, се проверуваат компаниите за кои добиваме аларм од воспоставениот систем

spot_img
spot_img

Нема застој во повратот на ДДВ кон компаниите. Се прават дополнителни анализи само кај оние компании за кои системот укажува дека има ризици. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето во емисијата „360 Степени“.

„Нема доцнење во процесот на поврат на ДДВ кон компаниите и нема застој на исплатите од МФ. Кај добро етаблираните компании, оние кои не направиле никакви злоупотреби, исплатата се одвива според предвиденото, но имаме проблем со другите компании“, рече министерката.

Таа потенцира дека во Управата за јавни приходи, со поддршка на Меѓународниот монетарен фонд и Трезорот на САД, се изготвени одредени индикатори кои сигнализираат дали компанијата има одредени проблеми, односно дали може да е ризична, нешто што претходно не постоело. За компаниите за кои системот алармира одреден ризик се прават дополнителни проверки.

Посочи дека во овој дел биле констатирани многу злоупотреби и дека е направена заштита на системот од милионски залоупотреби. Во моментов, како што посочи, има истражни дејствија за шест компании кои се поврзани со многу сериозни злоупотреби за поврат на ДДВ.

Извор: Министерство за финансии

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте