Почитувани граѓани почитувани новинари,
Она што денеска го слушнавме на претставувањето на кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кажува две работи:
Прво, СДСМ е убедлив фаворит, победник на локалните избори и
Второ, Мицкоски знае дека ги губи изборите и ова е понуда од немај каде.
Како едвај да нашол кандидати што ќе претрпат пораз па затоа огромно мнозинство од кандидатите се непознати.
Нема ништо ново во понудата на Мицкоски.
Не само што не се нови, туку огромен дел од нив се од времето на Груевски кои или биле кандидати за советници или имале државни функции на локално или централно ниво.
ВМРО-ДПМНЕ се уште нема свој кандидат за градоначалник на Град Скопје, додека во општина Центар поддржува кандидатка на мал коалиционен партнер. Тоа покажува колку е мала довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ, во главниот град.
Очигледно е дека ниту самиот Мицкоски не верува во оваа понуда, па затоа денеска побегна од јавноста и објавувањето на кандидатите, му го препушти на Александар Николовски, аѓутантот на Груевски.
Во многу општини не се кандидирани личностите со највисок рејтинг меѓу нивните кандидати, туку се поставени оние со многу помала поддршка од граѓаните.
Дали тие не сакаат или Мицкоски си поставува свои пријатели и послушници за кандидати за градоначалници?
Почитувани граѓани,
СДСМ е фаворит и победник на локалните избори. Не само затоа што тоа го покажуваат сите релевантни анкети, туку затоа што СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина.
Целата јавност знае дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква понуда, дека нивниот наводен концепт „Македонија за сите луѓе“ во реалноста е „Сите луѓе на Груевски“.
Затоа на 17 октомври ги очекува нов силен пораз од граѓаните, кои ќе потврдат дека развојот на општините, напредокот на државата е можен единствено со СДСМ кој ја носи најдобрата понуда за секоја општина, најдобрата понуда за државата.
Извор: СДСМ