spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКонгресните документи на Јавна расправа пред членството

Конгресните документи на Јавна расправа пред членството

На 14-08-2021 година, Советот на СОНК, во проширен состав, ја одржа својата 27-ма редовна седница, на која беа усвоени повеќе Предлог документи за работата на престојниот VII-ми Конгрес на СОНК.

Имено, согласно Статутот на СОНК, Одлуката за одржување на VII-от Конгрес на СОНК и Одлуката за одржување на изборни активности во СОНК на сите нивоа, Советот на СОНК на седницата усвои:

  • Предлог – Извештај за работата на СОНК за периодот од декември 2015 година до септември 2021 година;
  • Предлог  Програма за активностите на СОНК за периодот од октомври 2021 до октомври 2026 година;
  • Предлог – Статут за измени и дополнувања на Статут на СОНК;
  • Предлог – Критериуми за избор на Претседател на СОНК;
  • Носење Одлука за број и состав на делегати за VII-от Конгрес на СОНК.

Сите овие документи, најтранспарентно и демократски, впрочем како и досега, ќе бидат на јавна расправа во синдикалните организации на СОНК и секој наш член ќе има право да даде свои забелешки, мислења и предлози по однос на истите. По расправата по овие документи во синдикалните организации на СОНК, која треба да заврши најдоцна до 10-ти септември оваа година, претседателите на регионалните одбори на СОНК, сите издржани предлози ќе ги сумираат и достават до Советот на СОНК, кои ќе бидат вградени во конечните текстови на документите за VII-от Конгрес на СОНК.

На седницата беа отворени и повеќе прашања од интерес на членовите на СОНК од сите дејности и иницирани повеќе чекори за решавање на истите. Советот на СОНК заклучи дека најитно, во соработка со МОН, треба да се отворат и отпочнат преговори за потпишување на колективни договори за основно и средно образование, кои ќе бидат усогласени во делот на платите со минималната плата на национално ниво. Исто така,  беше разговарано да се дојде до договор со преговори, евентуално, со новата концепција во образованието да не се предизвикаат технолошки вишоци, особено во средното образование, како и за исплаќање на прекувремена работа на вработените кои работеа со физичко присуство и имаа зголемен обем на работа.

 

Извор: СОНК

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...