Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос бр.04-20992/1 од 17 јуни 2025 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува
ОГЛАС
за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
1. Се утврдува потреба од засновање на работен однос во Народната банка на Република Северна Македонија, на дванаесет (12) извршители и тоа:
1.1 Пет (5) извршители на определено време во траење од 2 години од кои:
– 1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за монетарни инструменти и домашни пазари во Дирекцијата за операции на финансиските пазари;
– 1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за управување со ризиците во Дирекцијата за операции на финансиските пазари;
– 1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за надзор над платните системи во Дирекцијата за платни системи;
– 1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за управување со платните системи во Дирекцијата за платни системи и
– 1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за заднински операции во Дирекцијата за плаќања и заднински операции.
1.2 Шест (6) извршители на определено време во траење од 1 година од кои:
– 1 извршител на работното место „супервизор за информативни системи II степен“ во Канцеларијата за супервизија на информативните системи;
– 1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за движења во реалниот сектор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување;
– 1 извршител на работното место „помлад статистичар почетен II степен“ во Отсекот за монетарна статистика во Дирекцијата за статистика;
– 1 извршител на работното место „помлад статистичар почетен I степен“ во Рефератот за кредитни работи и платен промет со нерезиденти во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика;
– 1 извршител на работното место „угостител почетен I степен“ во Отсекот за спроведување на склучените договори за јавни набавки во Дирекцијата за јавни набавки и
– 1 извршител на работното место „организатор II степен“ во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување.
1.3 Еден (1) извршител на неопределено време за работното место „возач на гувернерот почетен II степен“ во Кабинетот на гувернерот.
2. Кандидатите за работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следните општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
3. Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
– за работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за монетарни инструменти и домашни пазари во Дирекцијата за операции на финансиските пазари, да имаат завршено факултет од областа на економските науки или организационите науки и управување (менаџмент) со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на монетарната политика, управување со девизните резерви, инструменти на финансиските пазари, познавање на англиски јазик и работа со компјутер.
– за работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за управување со ризиците во Дирекцијата за операции на финансиските пазари, да имаат завршено факултет од областа на економските науки или организационите науки и управување (менаџмент), со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на монетарната политика, управување со девизните резерви, инструменти на финансиските пазари, познавање на англиски јазик и работа со компјутер.
– за работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за надзор над платните системи во Дирекцијата за платни системи, да имаат завршено факултет од областа на економските науки, организационите науки и управување (менаџмент), правните, електро-техничките, информатичките или природно-математичките науки со 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, познавање на платните системи и финансиските пазари, платежните услуги, електронски пари, дигитални технологии и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на платните системи и платежните услуги и познавање на англиски јазик.
– за работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за управување со платните системи во Дирекцијата за платни системи, да имаат завршено факултет од областа на економските науки, организационите науки и управување (менаџмент), електро-техничките, информатичките или природно-математичките науки со 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, платните системи, платежните услуги, дигитална технологија и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на платните системи и платежните услуги и познавање на англиски јазик.
– за работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за заднински операции во Дирекцијата за плаќања и заднински операции, да имаат завршено факултет од областа на економските науки или организационите науки и управување (менаџмент), со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, познавање на заднинско работење, платните системи и финансиските пазари и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на заднинското работење и познавање на англиски јазик.
– за работното место „супервизор за информативни системи II степен“ во Канцеларијата за супервизија на информативните системи, да имаат завршено факултет од областа на економските науки, со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 2 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на регулативата која ја уредува примената на информативната технологија во финансискиот систем, познавање на законската и подзаконската регулатива за работењето и супервизијата на банки и надзор над платежните институции и институциите за електронски пари, супервизорско искуство, примена на методологиите, принципите и регулативната рамка за вршење на ризично базирана ИТ супервизија, познавање на англискиот јазик, работа со компјутер (MS Office) и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на: регулативата на подрачјето за управување со сигурноста на информативниот систем во банките (Одлука за методологија за сигурност на информативен систем, Одлука за утврдување на барањата за засилена автентикација и општи, сигурни и отворени стандарди, објавени на веб страната на Народната банка), алатката за самооценка на ризиците од дигиталниот простор, финтек и порта за иновации на Народната банка (објавени на веб страната на Народната банка) и насоките на Европскиот банкарски орган (European Banking Authority).
– за работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за движења во реалниот сектор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување, да имаат завршено факултет од областа на економските науки или организационите науки и управување (менаџмент) со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавање од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на макроекономијата и финансиите и работењето на Народната банка (од аспект на цели, функции и задачи).
– за работното место „помлад статистичар почетен II степен“ во Отсекот за монетарна статистика во Дирекцијата за статистика, да имаат завршено факултет од областа на економските науки, организационите науки и управување (менаџмент) или математика со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на работењето на Народната банка.
– за работното место помлад статистичар почетен I степен во Рефератот за кредитни работи и платен промет со нерезиденти во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика, да имаат завршено факултет од областа на економските науки, организационите науки и управување (менаџмент) или математика со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на работењето на Народната банка.
– за работното место „угостител почетен I степен“ во Отсекот за спроведување на склучените договори за јавни набавки во Дирекцијата за јавни набавки, да имаат завршено средно училиште во траење од 4 или 5 години VБ, да бидат со или без работен стаж, да поседуваат угостителски вештини.
– за работното место „организатор II степен“ во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, да имаат завршено факултет од областа на електро-техничките науки, да имаат работен стаж најмалку 2 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на електроенергетиката и автоматиката, енергетските инсталации, опрема за енергетика (вклучително опрема алтернативни извори на енергија), топологија и структури.
– за работното место „возач на гувернерот почетен II степен“ во Кабинетот на гувернерот, да има завршено средно училиште, да има работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на средното образование, да има положен возачки испит Б, Ц, (пожелно Д и Е) категорија, да има познавање на странски јазик и работа со компјутер.
4. Кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават:
– пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци;
– кратка биографија на македонски јазик или на македонски и албански јазик, за кандидатите припадници на албанската заедница;
– препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од претходните и тековните работодавачи доколку имаат;
– доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;
– потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);
– диплома или уверение за завршено образование;
– доказ за работен стаж задолжително за работните места од точката 1 потточка 1.1 алинеја 3, 4 и 5, потточка 1.2 алинеја 1, 3 и 6 и потточка 1.3, а за работните места од потточката 1.1 алинеја 1 и 2 и потточка 1.2 алинеја 2, 4 и 5 само доколку го имаат, од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат);
– кандидатите за работните места од точка 1, потточка 1.2 алинеја 1, 2, 3, 4 и 6 треба да достават доказ за познавање на англиски јазик (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело англиски јазик), а кандидатите за работното место од точка 1, потточка 1.3 треба да достават доказ за познавање на странски јазик (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело странски јазик), и
– кандидатите за работните места од точка 1, потточка 1.1 алинеја 3, 4 и 5, потточка 1.2 алинеја 1, 2, 3, 4 и 6 и потточка 1.3 треба да достават доказ за работа со компјутер (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело работа со компјутери).
Сите докази може да бидат доставени во копија.
5. Работното време во работната недела за работните места од овој оглас започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.
6. Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 потточка 1.1 алинеја 1 и 2 и потточка 1.2 алинеја 2 и 4 кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатите немаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12 месеци.
Со кандидатот кој ќе заснова работен однос на работното место од потточка 1.2 алинеја 5 кој има работен стаж и за првпат склучува договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатот нема работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 6 месеци.
Со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 потточка 1.1 алинеја 3, 4 и 5 и потточка 1.2 алинеја 1, 3 и 6 кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец.
Со кандидатот кој ќе заснова работен однос на работното место од точка 1 потточка 1.3 кој има работен стаж и за првпат склучува договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец.
7. Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.
8. Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 потточка 1.1 алинеја 1 и 2 и потточка 1.2 алинеја 2 и 4 изнесува 37.234,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 18.212,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 26.367,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 потточка 1.1 алинеја 3, 4 и 5 и потточка 1.2 алинеја 3, изнесува 47.430,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 24.237,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 потточка 1.2 алинеја 1 и 6, изнесува 68.803,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 34.922,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 потточка 1.2 алинеја 5 изнесува 31.117,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 13.966,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 22.090,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 потточка 1.3 изнесува 49.869,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 25.456,00 денари.
9. Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од денот на објавување на огласот.
10. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
11. Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.
12. Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци[1] се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.
Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.
Извор: Народна Банка























