HomeМинистерстваМЗ: Нашата држава е меѓу првите во Европа со нов европски стандард...

МЗ: Нашата држава е меѓу првите во Европа со нов европски стандард за здравствени податоци

spot_img
spot_img

Министерството за здравство информира дека нашата земја е меѓу првите во Европа кои го воведуваат стандардот „Жолто копче“, дел од регулативата European Health Data Space (EHDS).

Националниот систем МојТермин успешно ги помина сите тестови на меѓународниот настан IHE-Europe Connectathon 2025 во Виена и ја доби највисоката ознака за интероперабилност – Silver Industry Label.

Со новиот стандард, граѓаните ќе имаат безбеден пристап до своите здравствени податоци – од дијагнози до терапија – прикажани во форматот International Patient Summary – универзално разбирлив здравствен „пасош“.

Ова е уште еден потег со кој Северна Македонија се позиционира како пионер во дигиталното здравство во Европа, четири години пред задолжителната примена на овој стандард во ЕУ.

Новата функционалност ќе биде достапна за сите корисници на МојТермин до крајот на 2025 година.

Извор: Министерство за здравство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте