spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕПрви избори во кои власта не ги прифати препораките на ОБСЕ и...

Први избори во кои власта не ги прифати препораките на ОБСЕ и ОДИХР во Изборниот законик

Почитувани,

Денешната прес конференција би сакал да ја посветам на пропаднатиот обид за промени на изборниот законик нешто на што вложивме многу труд и енергија во еден подолг временски период. Во изминатиот период се возджуваме од споделување на ставовите на ВМРО – ДПМНЕ затоа што го почитувавме џантламенскиот договор кој што постоеше помеѓу политичките партии во рамки на собранието за тоа да не се изнесуваат детали во јавноста додека траат разговорите.

Но имајќи предвид дека многу детали беа изнесени во јавноста и ВМРО- ДПМНЕ беше практично единствената политичка партија која што го испочитува овој даден збор би сакале да ги презентираме и нашите позиции.

Сметаме дека  е исклучително проблематично тоа што локалните избори во октомври оваа година ќе бидат први избори кои што ќе се спроведат во Македонија без притоа да бидат направени измени на изборниот законик со консензус помеѓу сите политички партии согласно препораките на ОБСЕ и на ОДИХР.

Тоа е штетно за македонската демократија и го доведува под прашање кредибилитетот на изборниот процес како и неговата легалност и легитимитет.

ВМРО – ДПМНЕ во разговорите имаше две суштински барања тие барања беа да се применат дословно препораките на ОБСЕ и на ОДХР за кој што подоцна ќе одам подетално со цел гаранција на фер и демократски избори и второ избор на градоначалник во еден круг, односно изборот на градоначалници да се стави во иста линија со изборот на советници во еден круг затоа што главните манипулации, притисоци и недемократски средства се случуваат помеѓу двата круга.

За жал второто барање за избор на градоначалници во еден круг, беше одбиено од власта, а првото барање за примена на препораките на ОБСЕ и ОДИХР не се случи под разни изговори на владејачките партии. Доколку се изменеше изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР ќе се постигнеа многу цели пред се ќе се зголемеше отчетноста, транспарентноста и контролата на државните ресурси со новите препораки каде што комплетно ќе требаше ДКСК да е информирана за целокупното користење на државни ресурси.

Понатаму, по препорака на ОБСЕ ќе се дадеше право на граѓаните кои со судска одлука имаат одземена деловна способност доколку имаат услови да гласаат односно да ја изразат својата воља. Се прецизира и доуредува користењето на симболите на политичките партии на гласачкото ливче со цел да нема манипулации. По препораката на ОБСЕ ќе се утврдеше и унифицираше начинот на постапка и бројот на потребни потписи за собирање и предлагање на независни кандидатски листи, нешто за што настана голема дебата во јавност.

Понатаму, ќе се овозможеше сите партии или подносители на независни листи да можат да ги повлечат листите во рок од 48 часа а не како досега да не можат да го направат тоа. По препорака на ОБСЕ се дефинира, појаснува и прецизира изборната кампања со што се овозможува подобро следење од страна на надлежните институции , на евентуално предвремено почнување на изборна кампања и прекршување на правилата на истата, се појаснува начинот на распределба на времето за рекламирање на политичките партии и кандидатите, се уредуваат роковите, содржината и постапката за доставување на финансиските извештаи на партиите до надлежните институции за контрола на истите како што се Државниот Завод за Ревизија, ДКСК и Агенцијата за медиумски услуги. Ќе се овозможеше на гласачите чија важност на документот за лични идентификации истекла до моментот на распишување на избори да можат да го остварат гласачкото право, нешто што сега како проблем се соочуваат 30 илјади граѓани заради неспособноста на власта да извади лични карти.

За прв пат ќе се овозможеше запишување на гласач во избирачки список по усвоен приговор за заштита на лично избирачко право, а исто така ќе се усогласеа и роковите со Државната изборна комисија и постапувањето на Управниот суд. Сето ова се препораки на ОБСЕ и ОДИХР коишто власта не смогна сили во македонското Собрание да бидат усвоени. Од друга страна, она што ВМРО-ДПМНЕ во знак на добра волја, но и за да се постигне консензус, беше спремна да го прифати, прво беше примена на таканаречени отворени листи за избор на советници. Во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ се согласи да има избор на советници со отворени листи, помалите коалициони партнери на СДСМ, пред сѐ тука мислам на политичките партии ЛДП, ДОМ, Демократски сојуз и останатите на ова барање иако тоа беше нивно барање. Значи, тоа што самите го бараа, откако ВМРО-ДПМНЕ го прифати, после тоа се спротвиставија, односно јасно кажаа дека не се за отворени листи со што во јавност се расчистува дилемата кој е ЗА, а кој е ПРОТИВ отворени листи. ВМРО-ДПМНЕ е ЗА отворени листи на локалните избори.

Понатаму, требаше да се доуреди начинот на собирање на потписи за независни кандидати за градоначалници и советнички листи при што требаше да се следат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и ВМРО-ДПМНЕ е за следење на препораките ОБСЕ/ОДИХР, кои што велат до еден процент на вкупниот број на запишани избирачи.

И трето исто така исклучително значајно за првпат требаше да се направи регулација на финансирањето на спонзорираните објави на социјалните медиуми и социјалните платформи. Нешто што е стандард во западно европските држави, започна како пракса од претходните претседателски избори во САД, а се применува во сите развиени западно европски демократии.

За тоа што мора да се знае од кои средства се плаќаат спонзорираните објави на социјалните медиуми, во која вредност се тие спонзорирани објави, колку вкупно пари се трошат и за истите да се поднесе извор на финансирање до Државниот завод за ревизија и ДКСК и останатите надлежни органи како и да се декларираат во финансиските извештаи во политичките партии.

Ова е причината зошто политичката партија Левица го блокираше носењето на измените на изборниот законик, а владеачките партии на чело со СДСМ и помалите коалициони партии, ја вклучувам тука и ДУИ, не направија ништо изборниот законик да помине.

Па јавно прашуваме, кој и зошто се плаши од тоа да јасно се знае кој плаќа за спонзорираните објави по социјалните медиуми, колку пари се трошат, од каде доаѓаат тие пари дали доаѓаат од Македонија или од странство? Ако доаѓаат од странство тоа е казниво дело, затоа што по македонските закони не смеее да има финансирање на кампања од странски извори, понатаму за истото да се поднесат извештаи до надлежните институции. Значи, кој се плаши од тоа да се знае колку пари се трошат за спонзорирање по социјалните медиуми и од каде тие пари доаѓаат.

Сето ова што го споменав е причината зошто не се донесе изборниот законик во македонското собрание, иако имаше добра волја од стана на ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија. Се направија многу обиди и во месец јуни и во месец јули, а бевме спремни тоа да го направиме и во август, но за жал од владеачките партии такво расположение немаше.

Новинарско Прашање: Како ги коментирате новите мерки во однос на корона вирусот и дали истите ги сметате за репресивни?

Одговор: Во однос на ова прашање мислам дека на дело го гледаме фијаското на власта во однос на справувањето со корона кризата, кога ВМРО-ДПМНЕ апелираше некаде во месеците декември, јануари и февруари да се набават вакцини со цел да се имунизира населението, власта преку документи кои што ги видовме и во медиумите трчаше по провизии. Тие провизии значеше Македонија да не добие на време вакцини и да се случи еден голем бран во текот на пролетта кој што чинеше илјадници човечки животи и стотици илјади заболени граѓани во Македонија кои што се уште ги чувствуваат последиците Времето не се искористи ни во текот на летото да се имунизира населението и затоа сега се оди со едни насилни мерки кои што ги гледаме, кои се репресивни мерки, недоброволни мерки, што покажува за едно целосно фијаско во врска со справување со корона вирусот и со целата оваа пандемија, и затоа целата оваа одговорност е насочена кон власта.

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...