HomeМинистерстваМС: Ристовски ги посети македонските кошаркари на подготовките во Гевгелија

МС: Ристовски ги посети македонските кошаркари на подготовките во Гевгелија

spot_img
spot_img

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети машката кошаркарска репрезентација на Македонија која се подготвува во Гевгелија.

Најдобрите македонски кошаркари во спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски бањи ја одработуваат главните подготовки пред настапот во втората фаза од претквалификациите за Светското првенство во 2027 во Катар.

Ристовски на македонските кошаркари им посака успешни подготовки и успешен настап во претстојните претквалификации на патот кон СП.

Во втората претквалификациска фаза за СП 2027 во август годинава, Македонија ќе одигра по два натпревари со селекциите на Унгарија и на Романија. Овие натпревари ќе бидат решавачки за пласман во главната фаза од квалификациите за настап на Светското првенство во Катар.

Извор: Министерство за Спорт

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте