HomeМинистерстваМЗШВ: Ветено - исполнето: Објавен оглас за откуп на домашна пченица за...

МЗШВ: Ветено – исполнето: Објавен оглас за откуп на домашна пченица за стоковни резерви

Почитувани,

Денеска е објавен оглас за набавка на меркантилна пченица за стоковните резерви од реколта 2025 година од регистрирани производители на земјоделски производи.

Ова претставува историски момент за македонското земјоделство бидејќи за прв пат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви, што претставува значајна поддршка за македонските земјоделци.

Ќе се откупат 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена 13 денари по килограм (без ДДВ). 

Го потврдуваме нашиот стратешки приоритет – заштита и поддршка на домашното земјоделско производство!

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте