HomeМинистерстваМС: Официјален покровител на првиот Регионален спортски самит „Скопје 2025“

МС: Официјален покровител на првиот Регионален спортски самит „Скопје 2025“

spot_img
spot_img

Под покровителство на Министерството за спорт, на 10 септември 2025 година во Скопје ќе се одржи првиот Регионален спортски самит под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“.

Министерот за спорт Борко Ристовски на Самитот ќе биде во улога на домаќин на неговите колеги – министерот за спорт на Србија, Зоран Гајиќ и министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ, две земји од регионот со кои Македонија има потпишано меморандум за соработка во областа на спортот.

Програмата на самитот вклучува низа панели, презентации и работилници на теми како што се: национална спортска стратегија и инвестиции, иновации и дигитализација во спортот, младински спорт и развој на спортски таленти, маркетинг, брендирање и финансирање во спортот, регионална соработка и добри практики.

Учесници на Регионалниот спортски самите ќе бидат претставниците на спортските федерации и клубови, професионалци и спортисти аматери, тренери, претставници на државните институции и на локалната самоуправа, претставници од приватниот сектор, медиумите, универзитетски професори и студенти, како и гости од меѓународни спортски и бизнис организации од регионот.

Министерството за спорт, како официјален покровител, преку овој настан ја истакнува улогата на спортот како моќен двигател на општествена кохезија, национална гордост и позитивни промени кај младите генерации.

Извор: Министерство за спорт

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте