spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМинистерот Спасовски на завршната конференција на проектот „Правна поддршка на ранливи жртви...

Министерот Спасовски на завршната конференција на проектот „Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера со свое обраќање учествуваше на завршната конференција на проектот „Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела“, имплементиран од Македонското здружение на млади правници и проектниот партнер СОС Детско село Северна Македонија, на која земаа учество и министерот за правда Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и шефот на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија Никола Бертолини.

Министерот Спасовски се осврна на патот на жртвите на насилнички кривични дела, поконкретно на одговорот што МВР, согласно своите надлежности го обезбедува за потребите на жртвите на насилни кривични дела: специјализација и едукација за работа со жртви на насилства, особено жени и деца. Тој во старт констатираше дека долго време институциите, вклучително и полицијата, приоритетот на својот фокус го насочуваа кон сторителите на кривичните дела, додека прашањето на обезбедување на поддршка на жртвите генерално се третирало како задоволување на правдата со откривање на сторителот.

„Но, современите трендови, па ако сакаме и концептот на Законот за кривична постапка од 2010 година, како и адаптираните или новите усвоени закони, во центарот на вниманието ја поставуваат жртвата, пред сѐ ранливите категории на жртви – деца, жени, стари лица и лица сопопреченост, за кои е неопходна поголема правна процесна заштита. Секогаш кога зборуваме за правна поддршка за жртвите мора да имаме предвид дека тоа е возможно само со одговор кој бара координиран и мултиресорски пристап, односно со брз, ефикасен, професионален и етички одговор од страна на повеќе институции, вклучувајќи ги тука и граѓанските здруженија кои се докажани во областа на заштитата на правата на жртвите“, потенцираше министерот Спасовски.

Министерот истакна дека од огромно значење е и постапувањето на останатите ресори, како што се труд и социјална политика, здравство, обвинителство и судство во целиов овој процес на давање на првична поддршка на жртвата, вклучувајќи итна помош по претрпено кривично дело, потребата да бидат разбрани, да се покаже емпатијата и да им се овозможи нивно учество во постапката.

„Во секоја ситауција, треба да имаме предвид дека посебно внимание мора да се посвети на давањето помош скроена според потребите на различните видови на жртви“,рече Спасовски додавајќи дека притоа, индивидуалниот пристап базиран на основните потреби на жртвата претставува императив по кој институциите мора да се водат, што подразбира поттикнување на вклученоста на жртвата и нејзината информираност во сите фази на постапката.

Министерот за внатрешни работи презентираше дека Министерството за внатрешни работи ја препознава потребата од правна заштита на жртвите, не само како обврска за континуирана обука на полициските службеници коишто пружаат непосредна помош на жртвите, туку и како обврска жртвата навремено да ги добие сите свои права, истовремено грижејќи се и за адаптирање на условите за работа со ранливи жртви. Притоа, во сите полициски станици на видно место е истакнат постерот во кој се наведени правата на жртвите, се планираат и спроведуваат контиуирани обуки на полициските службеници кои работат на оваа проблематика, а во Полициските станици Кисела Вода, Гази Баба, Гостивар, Кочани, Струмица, Гевгелија, Велес и Битола адаптирани се простории за разговор со ранливи категории на жртви. Спасовски додаде дека на интернет страната на МВР функционира апликацијата Црвено копче, како дополнителна можност за електронско пријавување на злоупотреба на деца, трговија со луѓе, криминал од омраза и повикување на насилство, а објавен и лифлетот од проектот „Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела“, кој содржи корисни информации за помош и поддршка на ранливите жртви на насилство.

„Ова се само дел од активностите кои ние, како МВР ги преземаме во овој домен, потврдувајќи ја заложбата за безрезервна ориентираност кон правата на жртвата. Можам со сигурност да кажам дека помина времето за поделено внимание кон жртвите – тие го заслужуваат нашето посветено внимание, системско превентивно делување и заеднички координиран пристап на институциите. Бидејќи насилниците не можат да живеат со вистината, но жртвите не можат да живеат без неа!“, порача Спасовски.

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...