HomeЈавен секторНБРСМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

НБРСМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

Најновите податоци од платежната статистика на Народната банка за вториот квартал од 2025 година покажуваат натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата, отколку шалтерите.

Во споредба со истиот период  минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9% по број и за 20,9% по вредност. Особено е брз растот на електронски иницираните плаќања преку дигиталните канали, односно трансакциите растат за 18,6%, а вредноста за 28,3%. Најголемиот дел од платежните трансакции иницирани преку дигиталните канали (71,3%) се извршени преку мобилни апликации, што потврдува дека преовладува употребата на мобилниот телефон како најбрз и наједноставен начин на плаќање.

Се зголемува и користењето на платежните картички. Бројот на плаќањата со картички е поголем за 8,4%, а нивната вредност за 11,4%. Зголемувањето најмногу произлегува од зголеменото купување преку интернет (14,8%), но раст има и кај плаќањата во продавниците (7,9%).

Овие податоци јасно укажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.

До објавените податоци може да пристапите на следнава врска:
👉 Платежна статистика на Народната банка

Извор: Народна Банка

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

МС: Ристовски – За две години реализирани и започнати 60 спортски...

0
Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска, на прес-конференција во Владата, даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт,...