spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Започна изградбата на нова детска градинка во Општина Гази Баба

Мицкоски: Започна изградбата на нова детска градинка во Општина Гази Баба

„Добар ден и од мене. Благодарам на интересот.Продолжуваме со реализација на проектите, тоа што е ветено треба да се реализира. Честитам на градоначалникот за експресно реализираната јавна набавка или да речам договор со операторот којшто ќе ја гради. Очекувам во рамките на рокот којшто го дефинирале да биде објектот изграден.

Продолжуваме како Влада да ги финансираме проектите коишто значат додадена вредност за граѓаните, еден од тие објекти е и овој јас честопати велам секогаш онаму каде што има потреба од вакви објекти ние сме тука како Влада веднаш да реагираме. Се радувам да има повеќе дечиња коишто ќе ги користат овие објекти.Така што нека е со среќа и уште еднашка честитки до градоначалникот, до советниците, до администрацијата во Општина Гази Баба, до пратениците коишто доаѓаат од Општина Гази Баба коишто се борат за проект повеќе за Гази Баба и убеден сум дека во оваа насока ќе продолжиме и во периодот којшто следи.“

Извор: Влада

- Advertisment - Balkan Fun IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте