HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Добиен сертификат ISO 9001:2015 за квалитет на работењето

УЈП: Добиен сертификат ISO 9001:2015 за квалитет на работењето

Сертификациската компанија INTERCERT официјално го врачи сертификатот за ISO 9001:2015 на Управата за јавни приходи (УЈП). Со ова признание се потврдува усогласеноста на институцијата со највисоките меѓународни стандарди за управување со квалитет и се зајакнува позицијата на УЈП како современа и ефикасна институција во служба на граѓаните и деловната заедница.

Сертификатот го прими директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, која истакна дека процесот на стандардизација не е само техничка обврска, туку системски пристап што ја засили организациската култура, ја подобри координацијата и ја потврди решителноста на институцијата да работи според највисоки стандарди. Директорката нагласи дека сертификатот е признание за ангажманот на сите вработени, но и потсетник дека обврските продолжуваат со континуирано подобрување, редовни ревизии и одржување на поставениот квалитет.

Сертификацијата обезбедува доверба кај граѓаните, деловната заедница и партнерите дека процесите на УЈП се транспарентни, ефикасни и усогласени со најдобрите меѓународни практики. Со добивањето на ISO 9001:2015 сертификатот, Управата за јавни приходи ќе обезбеди поефикасна организација и управување со процесите, подобрена услуга и поголема транспарентност, зголемена доверба и кредибилитет, како и модернизација на даночните постапки.

Извор: Управа за Јавни Приходи

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...