HomeОпштиниСтрумица: Поддршка за домаќинства - Грантови за зелена енергија

Струмица: Поддршка за домаќинства – Грантови за зелена енергија

spot_img
spot_img

Градоначалникот Петар Јанков и општина Струмица во соработка и со поддршка од УНДП и Фондот за зелено финансирање (GFF) обезбедуваат поддршка за домаќинствата преку Грантови за зелена енергија, а во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и заштита на животната средина.

Зелениот финансиски инструмент обезбедува финансиска и стручна поддршка за домаќинствата во Северна Македонија со цел подобрување на енергетската ефикасност, намалување на трошоците за енергија и придонес кон подобар квалитет на воздухот.

Програмата поддржува инвестиции во термоизолација, замена на прозорци и врати, ефикасни системи за греење и ладење, соларни колектори за топла вода, фотоволтаични системи, топлотни пумпи, клима-уреди, батерии за складирање енергија, како и електрични и хибридни возила за домаќинства со лице со попреченост.

Програмата е наменета за недоволно опслужени физички лица и домаќинства, вклучително:

  • млади лица на возраст од 18 до 35 години,
  • жени како единствен или главен носител на приход,
  • домаќинства со еден приход,
  • домаќинства со три или повеќе деца,
  • Роми / ромски домаќинства,
  • самохрани родители,
  • домаќинства со лица со попреченост,
  • повратници од странство,
  • приматели на дознаки од странство,

со цел подобрување на пристапот до финансии и забрзување на транзицијата кон обновливи извори на енергија (ОИ) и мерки за енергетска ефикасност (ЕЕ).

Во рамки на програмата е обезбедена бесплатна техничка помош од тим на консултанти, која вклучува советување при избор на технологија, подготовка на документација и поддршка при аплицирање:

Проектен консултант: Зоран Мартиновски

Тел: 070/360-094

Е-пошта: gff2.aplikacija@gmail.com

Енергетски консултант: Никола Барсов

Тел: 075/241-664

По реализација на инвестицијата и нејзина потврда од независен верификатор, корисниците имаат можност за поврат на средства до 30% од износот на кредитот.

Кредитната линија е достапна преку Силк Роуд Банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Штедилница „Можности“ ДОО Скопје.

Програмата е финансирана од Заедничкиот фонд за Целите за одржлив развој (Joint SDG Fund) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а ја имплементира УНДП, во партнерство со релевантни институции и Општина Струмица.

ВО ПРИЛОГ ЛИНК ОД GFF- Зелен кредит за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

ВО ПРИЛОГ ЛИНК ОД Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија

ВО ПРИЛОГ ЛИНК ОД ЗАЕДНИЧКА ПРОГРАМА: Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија

Дополнителни информации може да се добијат кај раководителот на Одделението за заштита на животната средина Томислав Андреев:

Телефон: 075 395 914

Е-Маил:tomislav.andreev@strumica.gov.mk

Извор: Општина Струмица

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МОЗ: Ферати-Ибрахим: Поголема соработка со невладините организации за инклузивно општество

0
Министерот Агон Ферати оствари средба со претседателот на Матуситеб, Тахсин Ибрахим, на која во фокусот на разговорите беа застапеноста на турската заедница во државните...