Со писма како од времето на неговиот ментор Никола Груевски, Христијан Мицкоски се обидува да им го чува стравот на неговите кандиодати за градоначалници од извесниот пораз што ги очекува на локалните избори.
Две третини од раководството на ВМРО-ДПМНЕ е под кривичен прогон за злоупотреби на службена положба, Мицкоски нема лице на чесност туку обратно. Се обидува да ги користи кандидатите како жртвени јагниња во нов изборен пораз.
Мицкоски, тезата на Груевски слушајте што зборуваме, а не гледајте колку сме се збогатиле на ваш грб не поминува.
Кога веќе зборува за куфери со пари, Мицкоски нека му се јави на неговиот шеф во Будимпешта и нека го праша како и со колку црни партиски пари ги купил парцелите на Водно.
Ако веќе зборува за „комшии“ нека му се јви на неговиот коалиционен партнер Стевче Јакимовски да му објасни како изгледа тоа.
Мицкоски може да блефира и да пишува писма колку што сака, ништо нема да му помогне да избега од нов изборен пораз.
ВМРО-ДПМНЕ нема понуда на овие локални избори, сè се тоа стари кадри, луѓе на Груевски кои се посветени само на личните и партиските интереси, кои работат против интересите на граѓаните.
Затоа на 17 октомври ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува нов силен пораз од граѓаните.
Извор: СДСМ