HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени субвенциите за оризова арпа во износ од 39 065 031...

АФПЗРР: Исплатени субвенциите за оризова арпа во износ од 39 065 031 денари

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 663 производители на оризова арпа им исплати 39 065 031 денари.

Средствата се исплатени по Мерка 1.1 од програмата за интервентен фонд  за 2025 година, која предвидува финансиска поддршка за предадена оризова арпа.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства  кои имаат поднесено барање по подмерка 1.1. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“ од Програмата за финансиска поддршка земјоделството за 2024 година, кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство го имаат предадено на регистрирани откупувачи и/или преработувачи во период од 1 октомври 2024 година до 28 февруари 2025 година, како и во периодот од 1 март 2025 година до 30 септември 2025 година, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Максималната количина на оризова арпа која е прифатлива за финансиската поддршка е 8.000 килограми по пријавен хектар со оризова арпа по подмерка 1.1.„Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. 

Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм за количини предадени во период од 1 октомври 2024 година до 31 октомври 2024 година и 6 денари по килограм за количини предадени во период од 1 ноември 2024 година до 28 февруари 2025 година, како и во периодот од 1 март 2025 година до 30 септември 2025 година.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Карпош: Поставување нови и замена на оштетени заштитни столбчиња

0
Општина Карпош продолжува со поставување нови и замена на оштетени заштитни столбчиња на повеќе локации низ својата територија. Во изминатите денови беа поставени пластични столбчиња...