spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаСомнителна супстанца се излева во Вардар – Инспекторатот не превзема ништо

Сомнителна супстанца се излева во Вардар – Инспекторатот не превзема ништо

Во близина на мостот „Близнак“ (Тодор Александров), од спротивна страна на ЕВН во Ново Лисиче, не ретко жителите се сведоци на излевање на сомнителни течности во реката Вардар, кои по бојата и мирисот делуваат како опасни отпадни води со бронзена/кафеава боја.

Нашите сограѓани, загрижени за оваа неретка појава, ни испратија видео каде јасно се гледа дека содржината на отпадните води кои се истураат во Вардар се сомнителни. Ги повикуваме Државниот инспекторат за животна средина, да делува и да провери од каде потекнува ова и за каква супстанца се работи, а жителите ги советуваме во иднина, ваквите сомнителни појави кои се потенцијална опасност по животната средина, веднаш да ги испратат до профилот на Државен инспекторат за животна средина, како би се реагирало побрзо и навремено, со оглед на тоа што ние, како опозициска партија, немаме директни ингеренции во работата на инспекторатот.

Довербата која жителите ни ја даваат и ни се обраќаат за овие секојдневни проблеми, укажува на тоа дека народот во нас гледа единствена шанса и опција да делуваме. Левица има јасна цел да се бори против загадувачите и узурпаторите, но и да работи на подобрување на еко системот во целина, заштита на водните и зелените пространства, бидејќи Македонија е богата со природни ресурси кои мора да се чуваат и негуваат, а не само да се злоупотребуваат за личен профит на мала група буржуи!

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...