Учебната година во Македонија започнува со хаос како никогаш досега во македонската историја
Срамота е децата да учат од стари распарталени учебници испечатени пред 6, 7 или 8 години од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Министерке Царовска испечатете учебници за децата да имаат од што да учат. Министерке Царовска со вашето фијаско за прв пат во историјата на Македонија свидетелства се делат во септември, а не во јуни.
Министерке Царовска имаме огромен удар врз родителите затоа што треба да плаќаат и да набавуваат компјутери за децата, затоа што треба државата да им ги плати и државата да им ги набави.
Министерке Царовска поднесете си оставка! Доста од вашите експерименти, доста од вашето фијаско, доста од вашиот дебакл врз грбот на учениците и родителите во цела Македонија.
Извор: ВМРО ДПМНЕ