spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕМасовно да излезе и да се попише, да не се верува на...

Масовно да излезе и да се попише, да не се верува на оние анационални структури кои заговараат бојкот, проверката следи со фингерпринтот за кој се изборивме

 

Она што е важно е да кажеме дека одговорни за законито и точно спроведување на пописот е владата и Државниот завод за статистика, се останато во овој процес е фолклор, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју во емисијата Анализа на ТВ 24 коментирајќи го почетокот на пописот.

 

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи уште на почетокот на оваа година беше практично да во тоа време пописот се одложи и пописот тогаш се одложи за да се реализира сега, во септември. Зошто? Затоа што ние сега реализирајќи го сега пописот можеме веднаш за време на локалните избори го исконтролираме, бидејќи сега на локалните избори ние ќе имаме фингерпринт терминали и тоа ќе ни биде првиот индикатор дали владата и ДЗС го завршиле пописот како што треба, истакна Мицкоски.

 

Претседателот Мицкоски упати порака до македонските граѓани масовно да се попишат и да не го бојкотираат овој процес, односно како што порача до граѓаните да не веруваат во оние анационални структури кои што се обидуваат повторно да направат раздор меѓу македонското ткиво а со тоа да му ја продолжат политичката кариера на Заев и СДСМ.

 

Мојата порака е масовно да излезат граѓаните и да се попишат и мојата порака до македонскиот народ е да не ги слушаат и да не потклекнуваат на анационалните и антимакедонските елементи на македонската политичка сцена кои што во овој момент се обидуваат повторно да внесат раздор во македонското ткиво и помеѓу протесните гласови како што тоа го правеа за време на претседателските избори кога тогаш повикуваа на бојкот на тогашниот опозициски кандидат и практично ја продолжија кариерата на Зоран Заев и СДСМ, порача Мицкоски.

 

 

 

 

Извор:  ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес обезбеди донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси...