spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Втор ден од Годишната конференција

МФ: Втор ден од Годишната конференција


Јавните и приватните инвестиции и конкурентноста, зелената економија, како и човечкиот капитал и инклузивен развој се темите на кој ќе се дебатира денеска на Првата годишна конференција на Министерството за финансии „Економско заздравување и раст по Ковид“ во рамки на „Економскиот и финансиски форум“ што почна вчера во Скопје.

Конференцијата ќе се заокружи со панел-дискусија посветена на човечкиот капитал, кој е клучен за развој и раст на економијата. На темата „Човечки капитал и инклузивен раст“ се очекува да бидат презентирани идеи што ќе дадат одговор како да се зајакне образовниот и здравствениот систем, како и други клучни прашања во овој дел.

Говорници се Ролф Вензел, гувернер на Развојната банка на Советот на Европа, министрите Филипче, Царовска, Османи, Милевски, Стефоска, како и Хари Патринос, менаџер за образование во СБ за Европа и Централна Азија и Јамеле Риголини, лидер на програмата за човечки развој во СБ за Западен Балкан.

Заклучоците од Конференцијата ќе бидат презентирани од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и државниот секретар во Министерството за финансии, Јелена Таст.

Конференцијата започна вчера со воведни обраќања на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, додека на панелите високите гости говореа на тема „Глобални и регионални предизвици и изгледи за опоравување и раст“, „Макроекономските политики и јавните финансии во време на пост-пандемија“, како и „Добро владеење и социјална кохезија“.

Идејата за организирање на оваа меѓународна конференција произлезе од заложбата на Министерството за финансии како институција за промовирање и спроведување инклузивен дијалог со социјалните актери. Оваа конференција во иднина треба да прерасне во конференција со традиција и силно влијание во регионот и во Европа.

Воведни обраќања на вториот ден од Конференцијата ќе имаат претседателот на државата, Стево Пендаровски и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

На првиот панел на тема „Јавни и приватни инвестиции и конкурентност“, ќе бидат презентирани идеи за можностите за поголема инволвираност на приватниот сектор. Говорници се вицепремиерот Фатмир Битиќи, потпретседателот на ЕИБ, Лилјана Павлова, потпретседателот на ЕБОР, Јурген Ригтеринг, министрите Бектеши и Бочварски, регионалниот директор на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа, Ари Наим, како и претседателите на трите најголеми стопанските комори, Азески, Арсовска и Хоџа.

На панел-дискусијата на тема „Паметен и зелен раст на економијата“ говорници се еврокомесарот Паоло Џентилони, извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс, директорот на СБ за РС Македонија, Масимилијано Паолучи, регионалниот директор на МИГА за Европа и Централна Азија, Олга Шловскаја, постојаната претставничка на УНДП во РС Македонија, Нарине Сахакјан и министерот Насер Нуредини.

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...