spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Оштетена пруга кај Куманово ја ставаме во функција

МТВ: Оштетена пруга кај Куманово ја ставаме во функција

 

Пругата што беше оштетена кај Куманово како резултат на излизгување на товарниот воз  ја ставаме во функција. Вработените во рекордно време ги отстранија вагоните и ја санираа штетата за да може меѓународниот транспорт на стока да се нормализира, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот Бочварски  со директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид на санација на 250 метри пруга која беше оштетена.

“ Денеска сме на лице место кај Романовце каде претходната недела имавме инцидент со превртување на дванаесет товарни вагони при што беше оштетен голем дел од пругата на Коридорот 10. Околу педесетина луѓе овде работат деноноќно со цел што побрзо пругата да се стави во функција. Сакам да се заблагодарам јавно на сите вработени и сите останати што се вклучија и помогнаа во оваа работна акција која се одвиваше во изминативе неколку денови, за време на Велигденските празници но и во време на Ифтар. Нашите очекувања се дека веќе од утре ќе се направат сите припреми да се врати во нормална работа оваа делница”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Според директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец, оштетувањето на пругата е од голем обем, но санацијата е извршена во рекордно време.

,,Од композиција со дваесет вагони дури дванаесет беа превртени,  но во овој момент сме кон крајот со реконструкција на овој дел од пругата. Во овие неколку празнични денови со ударна сила покажавме дека можеме да направиме подвиг.  Саниравме  250 метри целосно нова пруга и Јавното претпријатие потврди дека може да работи и во кризни услови но и докажа дека има капацитет да ја заврши работата во рекорден рок”, изјави директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец.

Извор: Министерство за транспорт и врски

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за...