spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиАМС : Олимпиецот во таеквондо во куќата на спортот

АМС : Олимпиецот во таеквондо во куќата на спортот

По освоената „А“ норма, за Олимпискиот турнир во Токио, најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски на прес-конференција во Агенцијата за млади и спорт со амбициитеза претстојниот најголем спортски планетарен настан.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски истакна дека Дејан го обели образот на Македонскиот спорт и покрај протоколите за работа и настапи во спортските сали успеа да дојде до посакуваната цел на секој спортист-настап на олимписки игри.


-Дејан покажа дека имаме спортисти за големи натпреварувања и секој негов чекор до Токио, како и целокупниот престој во Токио ќе биде подпомогнат од Агенцијата за млади и спорт, испакна Мојсовски.
Тој додаде дека успесите нема да изостанат и дека Георгиевски ќе ја израдува нашата земја со освојување на медал.
-Мотивот на квалификациониот турнир беше огромен, што резултираше со победа над азербејџанецот, олимписки и светски првак во таеквондо, што ја зголемува мојата самодоверба за Токио, и желбата од таму да се вратиме со медал, кој може да биде и златен, истакна Георгиевски.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за...