spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН : Новиот закон ги ослободува наставниците од партиските стеги

МОН : Новиот закон ги ослободува наставниците од партиските стеги

Образованието е натпартиско прашање, а наставниците треба да бидат ослободени од партиски стеги, и токму тоа се постигнува со новиот Закон за наставници и стручни соработници, којшто е во собраниска процедура, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање при обиколката на инфраструктурните зафати во ОУ „11 Октомври“ во општина Центар.

“Со претходниот закон наставниците се вработуваа на определено време, за итни и неодложни работи, на три или шест месеци, потоа на една година, па на уште една година, за да добијат можност за трансформација на работниот однос. Сето тоа ова беше алатки за да ги држат несигурни наставниците и да можат и ги заведуваат кон најразлични политички активности. Со новото законско решение ги растеретуваме наставниците од грижата дека ќе ја изгубат работата, бидејќи ќе се вработуваат на неопределено време, како секаде во светот, а единствена обврска ќе им биде да се фокусираат на работата со учениците“, изјави министерката Царовска.

Со цел да добиеме мотивирани наставници и стручни соработници, ценети и соодветно вреднувани, со законот се овозможува и кариерен развој.

„Во моментот кога ќе достигнат максимум како наставник, може да станат наставник ментор, потоа наставник советник, па да преминат понатаму во Бирото за развој на образование и да советуваат голема група наставници. Тоа е начин да се вратиме во еден систем на образование којшто единствено во фокусот го има ученикот, секако  преку зајакнати наставници коишто нивната креативност ја вложуваат во секојдневното работење со учениците“, нагласи Царовска.

Министерката рече дека дебатите кои се развиваат за реформите во образованието постепено го менуваат менталитетот и се пошироко се разбира потребата од итна и неодложна реформа, затоа што во прашање е иднината на нашите деца.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...