spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиДКСК: Меѓународен краткорочен експерт за користење на алатка за анализа на податоци...

ДКСК: Меѓународен краткорочен експерт за користење на алатка за анализа на податоци во борбата против корупцијата

 

Работодавач: Агенција за европска интеграција и економски развој GmbH
Локација: Скопје, Северна Македонија
Вид на вработување: краткорочен ангажман
Очекуван почеток: мај, 2021 година
Очекувано времетраење: 2 месеци во 2021 година

КОНТЕКСТ

Меѓународниот краткорочен експерт за користење на алатка за анализа на податоци во борбата против корупцијата во компонентата 3 (спречување корупција) ќе работи како дел од тимот за имплементација на грантот доделен од страна на Европската Унија „Поддршка на ЕУ за владеење на правото’’  во Северна Македонија. Проектот се спроведува од страна на искусно меѓународно партнерство под раководство на Агенцијата за европска интеграција и економски развој (АЕИ) и тројцата партнери – Министерството за правда и администрација на Република Хрватска, Министерството за внатрешни работи на Република Австрија и Институтот за човекови права Лудвиг Болтцман.

Главната цел на проектот е зајакнување на владеењето на правото во Северна Македонија. Проектот има четири конкретни цели: 1. Зајакнување на капацитетите на правосудните институции за спроведување на правдата на транспарентен и одговорен начин, 2. Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на современи истражни техники во борба против организираниот криминал, 3. Подобрување на превенцијата и борбата против корупцијата, и 4. Зајакнување на заштитата на основните права.

Меѓународниот краткорочен експерт за користење на алатка за анализа на податоци за откривање и спречување корупција ќе ја поддржува Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и лидерот на компонентата 3.

УЛОГИ И ОДГОВОРНОСТИ

  • Градење на капацитети во ДКСК во однос на користење на алатката за анализа на податоци со цел подобрување на нивната работата и работата на другите засегнати и заинтересирани страни во врска со следење на финансиските текови/плаќањата на административните органи, судир на интереси и лобирање со цел откривање и спречување корупција.
  • Поддршка на ДКСК во развивање на план за имплементација за целиот процес на воспоставување на алатка за анализа на податоци.
  • Учество на состаноци со засегнатите страни, обуки и демонстрации на постоечките системи во органите за спречување корупција.
  • Поддршка на лидерот на компонента 3 во извршувањето на нејзините задачи.

БАРАЊА

  • Одлично познавање на англиски јазик (писмено и усно).
  • Искуство во работа со алатки за анализа на податоци за откривање и спречување корупција.
  • Искуство во работа во или со независни институции за спречување корупцијата во земјите од поранешна Југославија.
  • Одлични усни и писмени комуникациски вештини и вештини за презентирање, чувствителност кон политичката средина, одлични аналитички вештини, прагматичен пристап, силна способност за стратешко размислување и оперативно планирање.
  • Флексибилност, силни вештини за адаптација и способност за тимска работа во потенцијално стресна средина со кратки рокови.

ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ

Апликациите мора да бидат испратени до dragan.kovacevic@aei.at (кликнете за да испратите E-mail) до 21 мај 2021 година, со назнака „Меѓународен краткорочен експерт за алатка за анализа на податоци’’ во насловот на пораката, вклучувајќи Europass формат на CV (кратка биографија) на англиски јазик и мотивациско писмо. Апликациите кои ќе бидат испратени по истекот на рокот или непотполните апликации нема да бидат земени предвид. Само кандидатите селектирани во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте