spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВлада: Реновирањето на една од најголемите градски артерии носи зеленило, пешачки зони...

Влада: Реновирањето на една од најголемите градски артерии носи зеленило, пешачки зони и нов урбан простор

Премиерот Зоран Заев придружуван од градоначалниците на Град Скопје и Општина Центар – Петре Шилегов и Саша Богдановиќ денеска присуствуваа на почетокот на градежни работи за реконструкција и асфалтирање на првата делница на улицата „Орце Николов“, која е една од најфреквентните улици во Скопје и истовремено една од оние која ги поврзува најурбаните и најпопуларни градски сврталишта.

Реконструкцијата на „Орце Николов“ ќе им даде поголем приоритет на пешаците, со тоа што ќе се стимулираат пешачките токови и ќе се зголеми безбедноста за нивно движење по целата должина на улицата.

„Градот Скопје и Општина Центар со оваа реконструкција се водат од мотото „Здравјето и безбедноста на граѓаните на прво место“, за заштита на пешаците, а особено децата. Брзината на движење на оваа улица за моторните возила е ограничена на максималните 30 километри на час, а предвидените дополнителни зафати ќе обезбедат уште поголеми можности за безбедност на учесниците во сообраќајот и на пешаците. Со новиот проект ќе се стесни коловозниот дел на улицата, со задржување на двете ленти за возила и ќе се изведе нов кружен тек кај раскрсницата со улицата „Ленинова“ која е позната по честите сообраќајни незгоди”, истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите.

Планот за реконструкцијата предвидува и велосипедски ленти кои ќе овозможат поврзување на велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за транспорт, со останатите велосипедски патеки кои веќе постојат или се предвидени согласно Планот за развој на велосипедски патеки на Град Скопје. Целосната реконструкција на улицата ќе биде поделена во шест посебни фази, од кои секоја ќе опфаќа посебен дел од „Орце Николов“ од раскрсницата со булеварот „Св. Климент Охридски“ до раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“.

Извор: Влада

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за...