spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииНад две третини од членовите на партиските органи се нови лица, со...

Над две третини од членовите на партиските органи се нови лица, со нова енергија СДСМ останува одлучувачка политичка сила

Почитувани граѓани, почитувани новинари, претставници на медиумите,

Ви благодарам што сте со нас денеска за време на овој 26 Конгрес на СДСМ. На сите вас новинарите и медиумски работници посебно.

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот Централен одбор на партијата.

Ја информирам јавноста за донесените одлуки, важни за натамошното функционирање на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како локомотива за напредокот на македонската држава и како гарант за исправниот колосек кој води до подобра иднина на сите наши граѓани.

Темелот на новата политика, динамиката на постојани подобрувања, промените и новата енергија се обезбедени. Денес СДСМ покажа силно, одлучно, вредно, социјалдемократско единство – СДСМ повторно покажа одговорност и државничко однесување.

Направивме многу во изминатите четири години, за државата, за граѓаните и постигнавме значајни успеси за кои говорев на Конгресот.

Најважно:

Државата ја исправивме на прав пат, на патот на интеграциите, со членство во НАТО, со јасна посветеност на почетокот на преговорите со ЕУ, ја обезбедивме иднината, стабилноста, интегритетот и гордо го штитиме идентитетот наш македонски.

Парите ги вративме кај граѓаните, и продолжуваме да ги враќаме, економијата е силна и стабилна и продолжува да биде уште посилна и постабилна. Регформите во Правниот систем даваат резултат и расте секојдневно довербата во правдата.

Цела една генерација политичари се вградија во овие наши заеднички успеси, успеси на СДСМ коишто се успеси на нашиот народ.

Тоа е особина на државничките партии, да се вградат политичарите за доброто на државата, на граѓаните.

Секоја генерација политичари во своето време носи клучни одлуки за виталните национални интереси. Оваа генерација на СДСМ го положи тој државнички тест.

Нова политика значи и нови кадровски освежувања , спој помеѓу искуството и новата енергија.

Тимот што победува не се менува, туку самиот го надградува и унапредува победничкиот менталитет. Таквата особина ја имаат државотворните партии како СДСМ.

Почитувани,

На 26. Конгрес беше избрана и новата заменичка на претседателот на СДСМ. Тоа е нашата другарка, Сања Лукаревска.

Со нејзиниот избор, испраќаме уште една силна и недвосмислена порака: СДСМ е партија која гради човечки капацитети, родово рамноправна, партија која ја ги препознава и вреднува и младоста и квалитетот.

Сања е еден од најсилните поддржувачи и спроведувачи на Концептот парите кај граѓаните, но и на редот и дисциплината во фискалните политики.

Уверен сум дека високата поддршка која ја доби од делегатите ќе биде дополнителен мотив да одговори на предизвиците кои ги носи партиската должност која ќе ја извршува.

Денешниот, 26. Конгрес на СДСМ го изгласа предлогот за кадровско освежување на 2/3 од составот на Централниот одбор.

Новиот состав на Централниот Одбор е спој на искуството и новата енергија, содржи и континуитет но и нови лица, кои со своите лични биографии, носат нова прогресивна вредност на капацитетите на партијата.

Новиот состав на Централниот одбор е освежен, 2/3 од него се нови лица кои досега биле членови на највисокиот орган на партијата. Остантите, 1/3 веќе биле членови.

Со ова правиме значајно освежуваме на највисокиот орган меѓу два конгреса, но истовремено го задржуваме континуитетот и искуството.

Во составот на Централниот одбор се пресликани вредностите на СДСМ: за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите.

Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи – целосна родова еднаквост. Млади се 45 членови, што е застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и кај нас во СДСМ и во било која друга партија во Северна Македонија.

Подмладен значи и подобар СДСМ, прв во промените, прв во вредностите, носител на новото време. Младите се движечка сила на секоја партија на секое општество.

СДСМ е партија на сите граѓани и таа наша разноликост, таа наша уникатна вредност ја покажуваме и ја вреднуваме и на овој начин.

Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница.

Она што сакам да нагласам е дека во новиот состав на ЦО имаме и личности кои се докажале во своите полиња на делување, но досега не биле дел од структурите на партијата.

Инженери, економисти, информатичари, правници, лекари, стоматолози, социолози…

Бидејќи на здравјето на граѓаните и на здравството сме особено посветени и за нас е исклучително важно во новите органи имаме и повеќе доктори, медицински лица, специјалисти.

Новиот состав на Централниот одбор е доказ дека СДСМ продолжува да се менува, но и дека сме секогаш први во промените.

Нова политика значи и нови вредности, поставуваме нови стандарди во политичкото дејствување, нешто што е треба да е пример за сите политички субјекти во државата.

Овој состав е нова свежина, нова енергија и младост и гарант дека промените во СДСМ не се ниту случајни ниту стихијни, туку дека тие се континуитет со кој уште подобро и уште повеќе, посветено им служиме на граѓаните и државата.

Почитувани,

Овој нов, освежен и секако подмладен состав на Централниот Одбор денеска ја одржа и својата конститутивна седница.

На седницата беа избрани претседавач на ЦО, членови на ИО на СДСМ генерален секретар, организационен секретар, секретар за меѓународна соработка како и четири потпретседатели на партијата. За претседавач на ЦО е избран Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на Валандово.

И во овие извршни органи имаме подновувања, освежувања, нова енергија и искуство, односно континуитет.

За членови на ИО се избрани:

Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Адријана Будимир, Благоја Бочварски, Рената Јајоска, Петре Шилегов, Софија Пејкова, Мухамед Зеќири, Мелиса Ценовска Серафимовска, Никица Бачовски, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Јована Тренческа и Васко Ковачевски .

Од 18 члена 9 се жени, 6 доаѓаат од младите редови на СДСМ.

За генерален секретар е избран Љупчо Николовски.Партијата е во полн погон, а Љупчо ќе обезбеди уште позасилено дејствување на СДСМ како модерна, динамична, организирана, европска партија. И уште еднаш ја потврдуваме заложбата за уште позасилена борба против корупција и криминал, за ред, правда и дисциплина на сите полиња.

За потпретседатели на СДСМ, Централниот одбор ги избра: Фатмир Битиќи, Мила Царовска, Оливер Спасовски и Венко Филипче.

За организационен секретар избран е: Мартин Попов.

За секретар за меѓународна соработка избран е: Бојан Маричиќ.

И во овие органи направивме освежување.

Добивме нова свежина, нов полет кои заедно со искуството ќе придонесе за уште подобро функционирање на партија во интерес на државата и граѓаните.

Од 18 члена во ИО само 5 се од стариот состав, од 4 потпретседатели 2 се нови.

Заедно со новиот Централен одбор, Надзорен одбор, Извршниот одбор, но и со целото раководство на партијата ќе ја реализираме владината и партиската програма која ќе значи нова политика со која СДСМ и натаму ќе остане прв во промените.

СДСМ постои за граѓаните! Ние им служиме на граѓаните!

Сега заедно почнуваме ново четиригодишно поглавје, со јасно зацртани цели, пат на кој повторно ќе одиме заедно, храбро и одлучно. Тоа e патот напред за кој добро знаеме дека можеме да го пробиваме.

Продолжува фокусот на заштита на здравјето на граѓаните преку реализација на масовната имунизација.

Економски раст и развој и нови мерки за граѓаните.

Ред, правда и дисциплина, неселективно владеење на правото.

Реализација на „Акција 21 – за европски стандарди дома”

Инфраструктурните проекти ќе го задржат приматот на Владата предводена од СДСМ.

Во сегашниот мандат, ќе изградиме 260 километри автопатишта, 300 километри експресни регионални патишта, 950 километри локални патишта и ќе рехабилитираме 1.500 километри постојана патна инфраструктура.

Зелената агенда е наш врвен приоритет.

Користењето на обновливите извори на енергија и замена на јагленот со гас е еден од нашите најважни стратешки интереси.

За неколку седмици ќе излеземе со интервентен план на инвестици ИПИ 2021-2026 пред граѓаните, пред парламентот и пред институциите. План на кој работевме 8 месеци од формирањњето на Владата до сега за време на третиот бран на пандемијата.

Почитувани,

Остануваме јасно на патот на нашата евроатланска определба, посветени на подинамичен економски раст, одржлив развој, ефикасна правна држава и силни институции, модерно образование, успешно и ефикасно справување со пандемијата, активно членство во НАТО, силна волја за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во Европската унија, и добри меѓуетнички и меѓусоседски односи.

Затоа што само СДСМ може да води кон иднина во која приоритет се граѓаните, економијата, демократијата и државата.

Ве уверувам, во наредните четири години СДСМ ќе биде одлучувачка сила која го движи македонското општество напред, политичка одговорна сила која носи државнички одлуки!

Извор: СДСМ

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија