Градоначалникот на општина Кумановo Димитриевски беше дел од еднодневниот настан “Графити фест”, за првпат организиран од општината преку Фондација за култура и спорт Куманово и жителите на комплексот згради К4 на “Октомвриска револуција”.
Десет млади уметници од Куманово, Скопје и Битола цртаа графити на sидовите на станбените згради во комплексот, на површина од 150 м2. Во рамките на уредување на овој дел од градот, беа засадени и садници од ЈП “Чистота и зеленило”-Куманово.
Извор: Општина Куманово