ВМРО-ДПМНЕ е против над 4.700 наставници и стручни работинци

Политички партииВМРО-ДПМНЕ е против над 4.700 наставници и стручни работинци
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

ВМРО-ДПМНЕ е против над 4.700 наставници и стручни работинци. ВМРО-ДПМНЕ е против образованието во нашата држава.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ втор ден ја намерно ја кочат работата на Комисијата каде треба да се расправаат за важни измени и дополнувања на закони од областа на образованието.

Тие недозволуваат ниту да започне Комисијата да расправа по законите во прво читање.

Со овие измени на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за Бирото за развој на образованието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се противат да 4.700 просветни работници добијат работно место, односно да нивните договори од определено работно време бидат трансферирани во работен однос на неопределено работно време.

Замислете, се противат на законско решение кое треба да обезбеди создавање на правна и економска сигурност на наставниците и стручните соработници преку засновање на работниот однос на неопределено време, подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес преку воспоставување на континуитет во реализацијата на наставата, како и овозможување на професионален и кариерен развој на овие наставници и стручни соработници.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, членови на Комисијата за образование, наука и спорт не дозволуваат да започне расправата, туку ја опструираат работата со процедурални јавувања.

Почитувани граѓани,

Ова поажува колку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за образованието. За нив тесниот партиски интерес и ситни политички калкулации се поважни од квалитетно образование во нашата држава.

Јавноста може да биде сведок на каков начин ВМРО-ДПМНЕ работи директно против наставниците и образовниот систем овде во Собранието.

Но и покрај нивните деструкции овие важни измени ќе бидат донесени и наскоро ќе започне нивната реализација.

Извор: СДСМ

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img