spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиАХВ: МЗШВ и АХВ со реновирани работни простории и во ПЕ Битола

АХВ: МЗШВ и АХВ со реновирани работни простории и во ПЕ Битола

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, ги посетија реновираните простории на подрачните единици на Министерството и Агенцијата и Градскиот пазар во Битола каде финишира реконструкцијата.

 

Со создавањето на квалитетни просторни услови на вработените, односно на административците и инспекторите во АХВ, доаѓајќи во старата општинска зграда на Општина Битола, правиме една целина со другите институции сместени во зградата, а им овозможуваме на граѓаните на една локација за сродни дејствија да можат да ги реализираат своите потреби- истакна Бабовски.

 

На овој начин, истакна министерот Хоџа во обраќањето пред емдиумите, им даваме поквалитетни услуги на сите земјоделци од регионот, кои што особено овој период активно аплицираат за одредени субвенции наменети за нив.

 

 

Со реновирањето на просториите се обезбедува зголемен капацитет и поголема безбедност за граѓаните-рече министерот Хоџа.

Градоначалничката Петровска го потенцираше значењето на соработката која што општината ја има со овие институции.

 

 

Оваа завршница на реновирањето е во интерес и на Општина Битола, бидејќи самата општина има 65 села, со население кое има потреба од овие две институции. Во таа насока сигурна сум дека и во следниот период би делувале заедно, токму заради тоа што користиме објект кој што е на општината, даден на овие институции и е уште еден показател за успешната соработка – истакнаа таа.

Во рамки на посетата на Градскиот пазар каде во тек се реконструктивните зафати околу управната зграда констатирано беше дека овој простор сега има ново соодветно партерно уредување, нов водовод, одвод, покривање, осветлување, а како што беше најавено од општинските власти, ќе бидат поставени и нови тезги збогатени со соодветни хортикултурни решенија.

Директорот Бабовски, упати апел до сите продавачи на почетокот на летниот период, да внимаваат на чувањето на производите.

Апелирам да се држат строго до правилата кои што се пропишани за безбедност на храната, но апелирам и до граѓаните, заедно со нас, да внимаваат и каде и што купуваат. Задолжително да бараат потекло, односно соодветна декларација на производите кои ги купуваат и дали се чуваат во условите кои се пропишани за производот. Засилени се контролите, бидејќи само во првиот квартал се уништени 67 тони небезбеден производ

-посочи тој.

Ме радува што денес на Градскиот пазар гледаме поинаква слика, токму каква што треба да има нашиот град. Проектната документација чинеше околу 180.000 денари и за неа  аплициравме до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.Проектот е во вредност од 14.308.000 денари, за кој 8.558.000 денари се директно од буџетот на општината

-рече градоначалничата Петровска.

Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски потенцира дека со овој зафат се затвора комплетната слика за битолскиот пазар, што е од големо значење за граѓаните.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте