АХВ: Труење во кумановската градинка

Самостојни органиАХВ: Труење во кумановската градинка

Најчитано

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна (јајца, мајонез и пилешки гради) од кујната на детската градинка Ангел Шајче од Куманово, каде пред неколку дена беше пријавен сомнеж за труење со храна. Со испитувањата изолирана е бактерија Sallmonela Spp  во мострата од мајонез.

Инспекциските служби на АХВ  уште при првичната контрола од 10.05.2021 година  издадоа решение со кое  забранија работа на кујната во оваа градинка и издадоа наредба за спроведување на вонредно механичко и хемиско чистење, комплетна дезинфекција и  спроведување на вонредни здравствени прегледи за вработените лица во кујната.

Забраната за работа на кујната останува на сила до повторно тестирање на брисеви од сите работни површини кои доаѓаат во контакт со храната и добивање на задоволителни резултати.

Наредено е уништување на небезбедната храна која не одговара на микробиолошките критериуми  за безбедност.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе