spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Царовска во Анкара на средба со турскиот министер за образование Зија...

МОН: Царовска во Анкара на средба со турскиот министер за образование Зија Селчук

Јакнење и интензивирање на соработката во областа на образованието посебно во делот на реформите во основното и средното стручно образование беше тема на разговор на денешниот работен состанок во Анкара, Република Турција, на министрите за образование на двете земји, Мила Царовска и Зија Селчук.

На состанокот Царовска и Селчук разменија искуства во врска со новите технологии што се применуваат во образованието, заедничките истражувања во областа на образованието, како и подготовка на образовни материјали и соработка во делот на научно истражувачки проекти.

Министерката Царовска на состанокот се заблагодари за поддршката што Сeверна Македонија ја добива од Турција во делот на осовременувањето на образованието.

Министерот Селчук ги поздрави напорите на Северна Македонија за подобрување на условите во образованието и истакна дека Турција е силен партнер и поддржувач на Северна Македонија во реализирањето  на овие процеси.

Двајцата министри разменија искуства во врска со наставата во време на пандемија и се согласија дека пандемијата ги забрза процесите на трансформација во образованието кои даваат можност за долгорочни промени, унапредување и осовременување.

Делегацијата од Северна Македонија во чиј состав освен министерката Царовска се и заменик министерот  за образование и наука Арафат Шабани и државниот советник за образовни политики, Ѓонул Бајрактар е предвидено да се сретнат и со Претседателот на големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп. Претходно го посетија Централното седиште на ТИКА кадешто разговараа за поддршка во делот на училишната инфраструктура во Северна Македонија.

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...