spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиАМС: Каратистите на Европско во Пореч

АМС: Каратистите на Европско во Пореч

Сениорската карате репрезентација ќе учествува на Европско карате првенство кое од 19-23.05 ќе се одржи во Пореч, Хрватска.

По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција, на која покрај директорот Наумче Мојсовски присуствуваа челниците на карате федерацијата, селекторите Сашко Арсовски и Стојан Андриевски и нашите најдобри каратисти.

Мојсовски истакна дека одличната соработка со федерацијата продолжува и дека токму нашите претставници во индивидуалните спортови и покрај ригорозните мерки за тренинг и натпревари во изминатиов ковид период не престанаа да нижат одлични резултати.
На прес конференцијата свои излагања имаа селекторите во кати и борби, како и нашите најдобри каратисти, оние од кои се очекува медал, Емил Павлов и Поликсенија Јовановска.
Сите ја изразија својата максимална подготвеност и желба од Пореч да се вратат со медал. Македонските претставници во борби се Емил Павлов -60 кг, Давид Петков -67 кг, Доан Османи -75 кг, Петар Спасеновски -84 кг, Вегим Мурати 84+ кг, од кои поголемиот дел ќе настапат и во тимска борба.

Кај дамите наши претставници ќе бидат: Сара Радичевска -50 кг, Симона Заборска -55 кг, Моника Пендаровска -61 кг, Ангела Мојсовска -68 кг и Симона Симовска 68+ кг, на кои во тимски настап ќе им се придружи Бојана Манева. Наши претставници во кати се: Александар Неделковски и Пулексенија Јованоска во поединечна конкуренција, а во ката тимот ќе настапат: Давид Спасовски, Александар Спасовски и Кристијан Бајовски.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте