spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Централното градско подрачје го менува ликот

Кочани: Централното градско подрачје го менува ликот

Викендов продолжи уривањето на старите објекти на улицата „Стево Теодосиевски“, со што и кон крстосницата со улицата „Димитар Влахов“ се расчистува теренот и се подготвува за изградба втората коловозна лента од идниот булевар.

 

Градежната механизација отстрани три објекти во Стришани, на кој дел ќе се гради и кружен тек.

– По завршената експропријација од страна на Локалната самоуправа и по напорната работа во изминатите три и пол години стигнавме до расчистување на овој дел од градот и создавање услови за изградба на втората лента од булеварот. Тоа ќе овозможи непречено движење на возилата и соодветен сообраќаен излез и влез од западната страна. Со ова очекувам дека ќе придонесеме во решавањето на дел од сообраќајниот хаос, ќе ја унапредиме безбедноста и на пешаците и на возилата, а ќе го подобриме и изгледот на оваа населба – истакна Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Во наредниот период, од спротивната страна на улицата „Стево Теодосиевски“ ќе биде отстранета уште една стара куќа која излегува на самата улица, како и просторот на автопералната.

Градоначалникот Илијев соопшти дека  е избран изведувачот на работите кој ќе ја гради втората сообраќајна лента на булеварот „Стево Теодосиевски“ и во наредните десетина дена тој ќе биде воведен во работите што ги има преземено со договорот. Најпрвин ќе се изгради потпорен ѕид кај Спортската сала, по што ќе продолжи работата на трасирање и уредување на теренот за новата коловозна лента.

Постапката за експропријација на недвижен имот на дел од улицата „Стево Теодосиевски“ почна во март 2019 година. Вкупната површина опфатена со експропријацијата изнесува 9 765 м2, со вкупно 30 парцели од кои 9 беа државно земјиште, а на останатите беа евидентирани 29 сопственици, на кои им се исплатени околу половина милион евра, средства од Буџетот на Општина Кочани.

Извор: Општина Кочани 

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...