МЕ: “Знак за безбеден туризам“ и протоколи за безбедно патување

МинистерстваМЕ: “Знак за безбеден туризам“ и протоколи за безбедно патување
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

„Министерството за економија, од почетокот на годината аплицираше и успеа да добие овластување за имплементација на “ Знак за безбеден туризам“ и протоколи за безбедно патување од страна на Светскиот совет за туризам и патување (WTTC). Со добивање на овој безбедносен печат ние како Министерство за економија бевме задолжени заедно со туристичко-угостителскиот сектор да работиме заеднички за имплементација на овие безбедносни протоколи  со што ќе докажеме дека сме безбедна дестинација за сите туристи кои ке ја посетат нашата држава“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на настанот по повод промоција на платформата за имплементација на протоколи за „Знак за безбеден туризам“ (Safe Travels Stamp) и промотивно видео за Северна Македонија како безбедна дестинација за туристи.

„Сакам да се заблагодарам на седумте комори и здруженија кои се вклучија и се дел од овој проект и придонесуваат за овие протоколи да се имплементираат во сите сегменти во туристичката индустрија. Апелирам до сите чинители хотели, ресторани, агенции, приватно сместување, алтернативни видови на туризам, изнајмувачи на опрема за туризам, водичи и други правни и физички лица да се информираат за протоколите за преку платформата www.safetravels.gov.mk, истите да ги имплементират и да бараат од комисиите истото да се сертифицира и во нивните понуди да го користат безбедносниот печат.Со тоа ќе докажеме дека сме пред се одговорни и дека сме безбедни“ кажа министерот Бектеши.

Покрај министерот на настанот се обратија и  амбасадорката на Република Швајцарија, Сибил Зутер, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо  Јаневски и Ана Таневска Ѓорѓиевска, претседател на Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Северна Македонија.

Амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Сибил Зутер, кажа дека има голем интерес од туристичкиот сектор за имплементација на „Знакот за безбеден туризам“.

„Сите чинители во туризмот, вклучително Владата и нејзините институции, стопанските комори и бизнис асоцијации, како и сите бизниси од туристичкиот сектор заинтересирани да го добијат Знакот за безбедност, имаат подеднаква одговорност за спроведување и почитување на протоколите на Знакот за безбеност. Спроведување на барањата за Знакот за безбедност на одговорен, транспарентен и отчетен начин е единствениот пат кон тоа Северна Македонија да биде препознаена како туристичка дестинација безбедна во време на ковид“. – истакна амбасадорката Зутер.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, потнцираше дека оваа платформа и кампања за безбедно патување е специјално креирана за да им овозможи на туристите полесно препознавање на компаниите кои работат според глобалните, стандардизирани протоколи за заштита од Ковид.

„Целта на ова е да се крене свесноста за целокупното економско влијание на туристичката индустрија како најголем генератор на вработување и добробит, која брои 200 милиони работни места или преку 10% од глобалното БДП. Со развојот на оперативни параметри кои значат безбедно патување, WTTC создаде печат за оние кои ги аплицирале и се придржуваат до здравствените стандарди и овозможуваат безбеден престој на туристите, а тука припаѓаат сите инволвирани чинители во туризмот – хотели, ресторани, авионски компании, туроператори, продавници, транспорт. Кризите од минатото нè поучија дека глобалните стандардизирани протоколи и конзистентност овозможуваат доверба, а оваа иницијатива е токму за тоа – да се врати довербата во патувањето“ кажа директорот Јаневски.

Ана Таневска Ѓорѓиевска, претседател на Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Северна Македонија истакна дека компаниите кои се директно вклучени во работата на угостителско-туристичката дејност имплементацијата на „Знакот за безбеден туризам“ и протоколите за безбедно патување се од исклучителна значење и е важно што поскоро да бидат ставени во функција.

„Знакот за безбеден туризам“ не се само стандардите во угостителските објекти. Тоа е систем во кој треба да се вклучат повеќе институции. Веруваме и укажуваме дека туризмот и угостителството може да бидат носечките дејности во пост-ковид периодот и да дадат поттик на економијата, пред сè поради фактот што имаат извозен капацитет и предзнак што дава дополнителна тежина на секторот“, кажа Таневска Ѓорѓиевска.

Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (www.ime.org.mk) и Програмата за поддршка на извозот (www.sippo.mk) го поддржува процесот на воведување на Знакот за безбедност во туризмот во Северна Македонија, преку поддршка за изработка на платформата www.safetravels.gov.mk, обука за претставници од бизнис коморите и асоцијациите за валидација на проколите за Знакот за безбедност, како и изработка на видео во соработка со АППТ за промоција на Северна Македонија како безбедна дестинација во време на Ковид-19

Платформата www.safetravels.gov.mk која ќе биде почетна точка за сите субјекти од туристичко-угостителскиот сектор заинтересирани да аплицираат за „Знак за безбеден туризам“ ќе биде јавно достапна од крајот на месецот, за што Министерството за економија дополнително ќе ја извести јавноста.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img