spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Ги доближуваме социјалните услуги во местото на живеење, инвестираме во нови...

МТСП: Ги доближуваме социјалните услуги во местото на живеење, инвестираме во нови домови за стари лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Сојузот на здруженија на пензионери.

На средбата се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат пензионерите, при што беше истакнато дека Министерството за труд и социјална политика, како ресорно министерство на кое во фокусот на своето  работење е грижата за ранливите категории на лица , вклучително и највозрасната популација, пензионерите,  сериозно пристапува кон изнаоѓање на најдобри решенија кои се во нивен интерес.

Од страна на претставниците на Сојузот на здруженија на пензионери беше  поздравен  досегашниот позитивен  однос кон највозрасната категорија граѓани во државата, во насока на редовно и предвремено исплаќање на пензиите, како и опфаќањето на дел од пензионерите со четвртиот пакет мерки и помошта која им беше доделена на оние со пензии до 15.000 денари.

Истовремено, беше поздравен  и приоритетот за вакцинација против Ковид-19, по возрасни групи на оваа категорија граѓани која брои околу 325.000 лица.

Министерката Шахпаска информираше за преземените конкретни активности во насока на подобрување на социјалните сервиси за заштита и помош на пензионерите, за што, како што подвлече, има одлична соработка со локалните единици  во земјата.

„Преку процесот на децентрализација на социјалните услуги и склучување на договори со 19 општини ја обезбедуваме услугата помош во домот за највозрасната категорија на граѓани. Притоа, како даватели на услуги ги ангажираме најтешко вработливите и на овој начин ги активираме на пазарот на труд. Оваа социјална услуга  е бесплатна за корисниците, а ангажираните лица ги плаќа општината. Преку овој пристап, овозможуваме старите лица да останат во својата средина каде што се чувствуваат најпријатно, а сепак да ја добиваат помошта која им е потребна“, рече Шахпаска.

Во однос на прашањето околу зголемување  на капацитетите за сместување на  возрасни лица и пензионери, министерката информираше дека во моментов се работи на проширување на капацитетот на Домот за стари лица во Берово и во тек е пренамена и проширување на уште еден објект за Дом за стари лица во Пробиштип.

Соговорниците изразија задоволство од денешната средба и подготвеност за идна соработка за сите прашања кои се однесуваат на потребите на пензионерите.

Извор: Влада

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...