spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Средба на министерот Нуредини со советникот на грчкиот премиер за животна...

МЖСПП: Средба на министерот Нуредини со советникот на грчкиот премиер за животна средина, клима, енергија и циркуларна економија Јоргос Кремлис

При посетата на Атина, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба и со Јоргос Кремлис, прв советник за животна средина, клима, енергија и циркуларна економија на грчкиот премиер, на која беа споделени искуствата во спроведувањето на барањата од Зелениот договор, а посебно предизвиците во остварувањето на праведната транзиција при затворањето на термоелектраните кои користат лигнит.

–    Би можел да кажам дека имаме многу добра соработка меѓу двете земји. Веќе имаме неколку проекти што се во тек-истакна Нуредини посочувајќи го интерконкеторот за природен гас од Грција, проект што ќе придонесе кон енергетската диверзификација на земјата и кој ќе придонесе државата да се ориентира кон импементација на зелената енергетска стратегија.

–    Верувам дека има многу потенцијал за соработка со Грција, нагласи Нуредини додавајќи дека ова е само еден од проектите на кои работат двете земји, а постои дискусија и за различни пристапи за управување со цврстиот отпад, додека пак советникот на грчкиот премиер, на средбата, ја истакнал важноста на циркуларната економија, за што министерот вели дека грчката поддршка би била добредојдена особено во период кога до Собранието се предлагаат 6 закони поврзани со управувањето со отпадот.

Исто така, беа дискутирани идеи за започнување на конкретни заеднички проекти во рамки на INTERREG и HORIZON 2020 програмите, пилотирање на зелени гранични премини и учество на нашата држава во Грчката иницијатива при УН за заштита на културното и природното универзално наследство од влијанијата на климатските промени.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

АХВ: Поради зголемено присуство на манган, забранета за пиење и водата...

0
Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата...