spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНаместо развој на Крива Паланка градоначалникот Мицевски донесе стагнација и уназадување, промени...

Наместо развој на Крива Паланка градоначалникот Мицевски донесе стагнација и уназадување, промени мора да има

Почитувани,

Поминува четвртата година откако локалната самоуправа во Крива Паланка ја водат Борјанчо Мицевски и СДСМ.

Период во кој наместо развој и напредок, се случува стагнација и уназадување во сите области кои што се под надлежност на локалната самоуправа. Од општина лидер во искористување на ЕУ фондовите преку гранична соработка пред 4 година, до висока задолжена општина денес.

Нема ништо од ветените проекти кои што беа пред изборно најавувани. Како што се гасификација на градот, монтажни катни гаражи, затворен градски пазар, подземна сообраќајница и паркинг под плоштадот, мини аква парк, изградба на трибини на градскиот стадион, повеќенаменско игралиште во болничка ливада. Ветија брана во село Конопница, изградба на старечки дом во Конопница, ветија пречистителна станица за отпадни води, поврзување со Македонска Каменица преку Тораница, реконструкција на патниот правец Крстов дол село Луке, ветија пат во Длабочица, ветија рестартирање на гинеколошко одделение во Здравствениот дом, изградба на тротоари  во Лозаново, изградба на детско игралиште во село Жидилово, изградба на нови улици и многу други ветувања со кои ги излажаа граѓаните.

Наместо тоа, сведоци бевме на многу скандали на луѓе блиски до локалните власти, од огради по 30.000 евра, тоалети по 80.000 евра, тендери по 130.000 евра за тезги и кукички во градскиот пазар кои дел и воопшто не се користат. Шверц на тутун и милионски суми не  платени акцизи.

Добивме и локални шерифи во редовите на МВР кои во изминатиот период извршија тотална репресија врз граѓаните на Крива Паланка, а неодамна медиумите објавија и дека двајца полицајци биле пријавени за земање на мито. Нешто што стана секојдневие, за што зборуваат сите кои патуваат во правец Куманово Деве Баир.

Економијата во градот е уништена, нема нови фабрики и инвестиции, нема нови работни места за младите како што ветија, дури и постоечките се на раб на егзистенција и размислуваат за отпуштање на вработени.

Иселувањето и натаму продолжи и тоа со уште позасилено темпо од претходно, а причината за тоа освен финансиска е и изгубена доверба во локалните иполитизирани и нефункционални институции.

Прво нешто за што градоначалникот се фати за работа беше брусењето на сонцето од Кутлеш лоцирано пред општинската зграда. Второ беа казни за жителите на село Мождивњак кои сами се организираа со сопствени средства да си го поправат патот, додека во централното градско подрачје не законски се узурпираат јавни површини за партиски цели на партиски војници од СДСМ.

Се на се тотален хаос и безредие владее во општина Крива Паланка.

Надлежните институции по промената на власта ќе имаат полни раце работа за да ги исправат овие неправди.

Почитувани сограѓани,

Крива Паланка не заслужува ваква неодговорна локална власт, следува период во кои оствариме средби со граѓаните од сите населени места и директно од терен ќе ги слушнеме нивните потреби и проблеми. Во нашиот тим ќе бидат вклучени стручни и одговорни лица од сите области и во програмата за следните локални избори ќе понудиме најдобри решенија како и визија за модерен развој на нашата Крива Паланка.

Следува македонска пролет, Крива Паланка ќе биде дел од промените кои доаѓаат наредниот период.

Извор: ВМРО

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...