spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСЕП: „Невозможно е да се одржува европската перспектива ако ЕУ не си...

СЕП: „Невозможно е да се одржува европската перспектива ако ЕУ не си ги исполнува ветувањата”

Во рамките на дводневната работна посета на Атина, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на Делфи економскиот форум, имаше обраќање на панел заедно со Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји.

Во рамки на дебатата посветена на ЕУ и Западниот Балкан, „Остварување на долгоочекуваното ветување“, беа отворени прашања за изгледите за спроведување на минатогодишната одлука на ЕУ со која се даде зелено светло за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, сценариото за раздвојување на портфолијата, односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија и последиците од пост-изборната неизвесност за деблокирање на процесот, како и одразот на сите овие прашања врз кредибилитетот и интегритетот на ЕУ во региониот и глобално.

Вицепремиерот Димитров го нагласи значењето на остварување на долгоочекуваното, но и заслужено официјално отпочнување на процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ, како сериозен тест за иднината на европската перспектива на целиот регион, но и сериозноста на ЕУ кога станува збор за процесот на проширување.

Димитров: „Процесот на пристапување треба да биде процес заснован на заслуги, процес базиран на перформанси и мислам дека конечно го достигнавме времето кога треба да започне одамна задоцнетиот пристапен процес.

Станува невозможно за нас да ја одржиме и да продолжиме да зборуваме за европската перспектива пред граѓаните на Северна Македонија. Мислам дека ова се одразува до одреден степен и во другите земји во регионот. Има голем влог и за ЕУ, затоа што беа дадени ветувања и ако ветувањата не се исполнат, тоа испраќа многу негативна порака.

Мислам дека има голем влог и за Бугарија и пријателството меѓу граѓаните и меѓу двата народи, двете земји. Би било сосема природно нашите соседи кои се исто така земји-членки на ЕУ да имаат најголем интерес за европска Северна Македонија, за успешна приказна во нивното соседство.

И мислам дека од оваа перспектива треба да му пристапиме и да го ревитализираме ангажманот со Софија. Tреба да се обидеме да го искористиме моментот, да најдеме начин да ја надминеме пречката и ова го гледам како сценарио за заедничка победа или заеднички пораз. Немаме сценарио каде Бугарија победува, а Северна Македонија губи. Обете држави сме губитници, или обете победници, а и ЕУ е во ист кош.“

Во тој контекст, Димитров потенцираше дека процесот на обединување на европскиот континент мора да биде заокружен со интеграција на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан, како регион што геофрафски е опкружен со земји-членки на ЕУ, но и поради заемните економски, политички и безбедносни интереси.

„Ние сме географски во рамките на ЕУ, регион кој исто така има економски потенцијал, нецелосно искористен: ¾ трговијата на Балканот е со заедничкиот европски пазар, ¾ на СДИ кои доаѓаат во регионот се од компании што доаѓаат од земјите-членки на ЕУ. 

Ова е регион кој има заедничка безбедносна политика со Европа и миграциската криза покажа колку Западниот Балкан навистина е интегрален дел од Европа, поради што е постои потреба регионот и остатокот од Европа заеднички да се соочат со споделените безбедносни предизвици. На сите ќе ни биде подобро – на земјите членки, луѓето од Европа и луѓето од регионот, кои се исто така Европјани на многу начини, ако овој регион е целосно усогласен, целосно интегриран и ако инвестираме за да има економска конвергенција и за овие држави да бидат големи европски демократии, со економски просперитет.“

Еврокомесарот Вархеји ја повтори позицијата на Европската комисија дека Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на пристапните преговори со ЕУ и дека процесот на проширување мора одлучно да се движи напред.

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...