spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВласта постојано се задолжува, а нема стратегија како ќе ги враќа тие...

Власта постојано се задолжува, а нема стратегија како ќе ги враќа тие средства

Тоа што ги засега сите граѓани е економската и здравствената криза. Економската криза се чувствува веќе подолг период, а јас жалам што е се чувствува и во наредниот период имајќи во предвид како властите се справуваат и со какви мерки сакаат да ја амортизираат економијата од оваа последица од оваа криза, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов во емисијата „Филибастер“ на Радио Лидер.

Јорданов нагласи дека како член на собраниската комисија за финансирање и буџет власта постојано се задолжува, без притоа да има стратегија како би ги вратила тие пари.

Како член на комисијата за финансирање и буџет можеме на секоја седница да забележиме дека оваа криза се користи за дополнително задолжување на Република Македонија. Со било која наводна реформа со која властите се обидуваат да прикажат во јавноста дека нешто работат, дека спроведуваат некакви проекти најлесно е да се задолжат а притоа да не генерирате никакви проекти во економијата, односно да немате стратегија како ќе ги враќате тие пари, рече Јорданов.

Според Јорданов потребно е да се размисли сериозно при секое задолжување, укажувајќи дека од почетокот на доаѓање на СДСМ на власт во 2017 година па се до денес, односно за неполни 4 години, јавниот долг пораснал од 48 проценти на 64 проценти, додавајќи дека овој процент од ден на ден се зголемува.

Република Македонија со доаѓање на СДСМ на власт во 2017 година имаше јавен долг од некаде 48 проценти од БДП, за да денес после неполни 4 години од владеењето имаат некаде 64 проценти, затоа што од ден на ден се менува јавниот долг и тоа е нешто за кое што сериозно треба да се размисли и да се постави прашањето до кога и до каде ќе оди задолжувањето истакна тој.

Извор: ВМРО

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...