spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: 45 пат - Драмски аматерски фестивал

Кочани: 45 пат – Драмски аматерски фестивал

Со свечено отворање на Споменикот на слободата, во присуство на министерката за култура Ирена Стефоска, почна 58. издание на Драмскиот аматерски фестивал.

Во поздравното обраќање до публиката, актерот Благој Веселинов – селектор на овогодишниот ДАФ, го истакна значењето на драмскиот аматеризам и влогот на Кочани во културниот растеж на македонската театарска сцена.

– Ние, како раководство на Локалната самоуправа ќе настојуваме да изнајдеме формат со кој ќе го осигуриме функционирањето на ДАФ и за следните 45 години. Но, поддршката од државниот буџет ќе му даде додадена вредност на фестивалот и ќе го издигне на потребниот културен пиедестал. Само заедничката грижа за ДАФ од централно и локално ниво, вклученоста на професионални, стручни, чесни и одговорни лица – квалитети кои ги поседува сегашното раководство на ДАФ, ќе овозможи негов раст, подем, стабилна егзистенција и одржливост – рече во своето обраќање Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Фестивалот започна со претставата „На отворено“ од Театар Комедија, во режија на Андреј Цветановски, а ќе трае до 25 мај.

 

Репертоарот на ДАФ годинава вклучува десет настани, од кои пет се театарски претстави, еден видеотеатар, а другите се придружни, поетски содржини кои ќе се одржат во Паркот на Револуцијата, Фоајето, западната и северната страна на Центарот за култура „Бели мугри“.

Извор: Општина Кочани 

Прочитајте