В сабота, 22 мај, во периодот од 8 до 16 часот, поради асфалтирање на кружниот тек кај Шумското стопанство, сообраќајот по булеварот „Тодосија Паунов“ ќе има изменет режим.
На потегот од Железничката станица до ОУ „Малина Попиванова“ десниот коловоз (од Кочани кон Оризари) ќе биде затворен за сообраќај, а левиот коловоз ќе се користи за сообраќај во двата правца.
Се повикуваат учесниците во сообраќајот да бидат стрпливи, внимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Извор: Општина Кочани