Почитувани,
Не може да се напредува во СДСМ ако се нема дел или ако не се поддржува, затскрива криминал! Македонија се задолжува, долгот вртоглаво расте, Македонија е во рецесија, економијата е во слободен пад, наплатата на даноците е во лер, ама затоа СДСМ има решение – зголемени даноци за граѓаните!
Почитувани,
Сања Лукаревска е директор на управата за јавни приходи.
Сања Лукаревска знае дека семејни фирмите на Зоран и Вице Заеви должат данок.
Сања Лукаревска напредна во СДСМ.
Почитувани,
Ова е листата на фирмите – должници кон државата, листа на ненаплатени даноци доспеани до септември лани, а ненаплатени до крајот на годината. Листа на должници на УЈП број 1/2021.
И наместо да служат за пример за другите, на ова е листа, на листата на неплаќачи на данок се и фирмите на Заеви. На 47-мото место на оваа листа е „Дравас Инженеринг“ ДОО Струмица, со вкупно ненаплатен данок од 41 милион 325 илјади денари, а на 55-тото место е познатата „Сара инженеринг“ ДОО Струмица со 33 милиони 812 илјади ненаплатени денари.
Или вкупно над 75 милиони денари, за полесно, фирмите на Зоран и Вице Заеви должат еден милион 220 илјади евра данок кон државата.
Внимавајте, семејните фирми на премиерот, кој што ја задолжува државата, не плаќа данок и ги има на листата на должници кон УЈП со над еден милион и двесте илјади евра!
А, директорката на УЈП е унапредена во партиската хиерархија на Зоран Заев!
Сања Лукаревска, станува десна рака на Заев во СДСМ!
Сања Лукаревска е унапредена во раководството кое што предлага зголемување на даноците кон граѓаните!
Внимавајте, Лукаревска од УЈП, каде Заеви должат за данок преку еден милион и 200 илјади евра, преку СДСМ најавува повисоки даноци за граѓаните!
Оттука главното прашање е дали Лукаревска партиски напредува заради долгот на заевите фирми кон државата од еден милион и 220 илјади евра?
Извор: ВМРО