spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Проект за Родово одговорно буџетирање UN Women

Карпош: Проект за Родово одговорно буџетирање UN Women

Општина Карпош е една од десетте нови општини кои ќе влезат во проектот на UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените за промоција на родово одговорни политики и буџетирање: Кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија.

 

Ова денеска го најавија претставничките на UN Women Ивона Паунович Бишевац и Кристина Плечиќ Беќарова на работна средба со градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

 

Во таа насока тие ја најавија и првата практична обука за лица од локалната самоуправа кои работат на оваа проблематика, која би се одржала во втората половина на јуни.

 

Исто така, UN Women – Тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, наскоро ќе склучи и Меморандум за соработка со Општина Карпош, со што ќе се официјализира и натамошната работа на локалната самоуправа на унапредување во оваа сфера на делување, притоа, потпомогната со експертска поддршка од ова афилијација. Главна цел на проектот е да се подобри животот на жените и мажите како и на најранливите групи преку систематска и одржлива интеграција на родовата перспектива во сите фази на креирање политики и буџетирање.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте