spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Се објавуваат сите документи на сајтот за Јавни набавки

Карпош: Се објавуваат сите документи на сајтот за Јавни набавки

Лага е информацијата дека општина Карпош објавува половични информации од завршените тендерски постапки. Ова е лесно проверливо и видливо на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), www.e-nabavki.gov.mk .

Имено, при секоја склучена јавна набавка, општина Карпош ја објавува целосната тендерска документација. Секторот за јавни набавки ги прикачува договорите, скенирани со техничка и финансиска спецификација, во која се прикажани единечните цени на секоја ставка.

Самиот електронски систем ќе ја блокира институцијата, доколку не се објави известување за склучен и известување за реализиран договор.

Затоа ВМРО – ДПМНЕ во својата прес конференција не посочува ниту еден конкретен пример на спорна набавка туку генерализираат.

Дигитализацијата на јавните услуги овозможува поголема транспарентност и видливост на она што го работат институциите. Факт е дека ВМРО – ДПМНЕ е против дигитализација на било која услуга и оттука не се трудат да направат анализа и на лесно проверливи информации. Затоа паушално обвинуваат и лажат.

Како локална самоуправа и општинско раководство сме свесни дека е предизборен период. Но, апелираме до сите политички чинители да аргументираат со конкретни факти и докази, а не свесно да ја манипулираат јавноста.

Политичката култура на граѓаните на Карпош е на повисоко ниво., и тука не поминуваат дневно – политички манипулации.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте