Општина Берово , ги информира граѓаните дека во согласност со позитивните законски прописи, е во постапка да постави видео надзор на две локации: Градски кеј и комплекс Стара Гимназија .
Видео надзорот ќе се поставува исклучиво во функција за заштита на зелените површини, урбаната опрема, пешачките патеки, заштита на спортските терени, односно да се зачува јавното добро ставено во функција на граѓаните и купено со парите на граѓаните, како и да бидат минато сликите од уништена урбана опрема и уништени детски реквизити.
Овој систем ќе функционира во согласност со Позитивните законски прописи.
Во таа насока, на општинската веб-страница, www.berovo.gov.mk, е активна јавна анкета на која граѓаните можат да дадат свое мислење, дали се ЗА или ПРОТИВ поставување видонадзор на споменатите локации.
Анкетата ќе помогне за да се слушне мислењето на граѓаните со цел да продолжи постапката за поставување видео надзор на наведените локации.
Извор: Општина Берово