spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставници од Ромалитико

Берово: Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставници од Ромалитико

Во рамките на активностите на општина Берово, за подобрување на животот на граѓаните Роми, градоначалникот на Општина Берово, оствари средба со претставници од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.

Целта на средбата беше претставување на проектот, кој ќе се реализира во соработка со USAID, наредните 3 години, а во кој ќе учествуваат 20 општини, меѓу кои и општина Берово.

Проектот опфаќа вработување, активирање на ромската заедница, со овозможување на секаков вид поддршка, правно застапување, унапредување на соработката помеѓу различните заедници, поддршка во легализација на безправно изградени објекти, поддршка на бизнисите на Ромите, како и многу други активности, кои ќе го подобрат животот на поголема група граѓани.

Разговарано е исто така за поддршката која што е потребна од Општина Берово, како и за поддршката што Ромалитико ќе ја овозможи на општина Берово, за побрзо и полесно донесување на Локален акциски план за Ромите за следните 4 години.

Поддршката од партнерските организации е многу важна во креирањето на локалните политики но и во реализацијата на проекти од витално значење за општината. Во изминатиот период благодарение на повеќе донаторски средства, успеавме да обезбедиме реализација на повеќе проекти, конкретно за ромската заедница, а се надеваме дека во континуитет, ќе продолжиме и во иднина со реализација на проекти. Општина Берово, секогаш стои на располагање да помогне и да биде сериозен партнер, онаму каде што е потребно, истакна Пекевски.

Извор: Општина Берово

Прочитајте