spot_img

МИОА: Плодна и конструктивна средба со италијанскиот амбасадор Н. Е. Андреа Силвестри

МинистерстваМИОА: Плодна и конструктивна средба со италијанскиот амбасадор Н. Е. Андреа Силвестри

Најчитано

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири во просториите на Министерството се сретна со амбасадорот на Република Италија во земјата, Н.Е. Андреа Силвестри.

Министерот Шаќири го запозна амбасадорот Силвестри со трите главни столба на МИОА: дигитализација, реформа на јавната администрација и создавање клима за слободни и независни медиуми.

„За време на разговорот, го информирав амбасадорот за процесот направен во овие три области и за тоа што планираме да сториме до крајот на овој мандат“, рече министерот Шаќири.

Амбасадорот Силвестри ја поздрави завршената работа и истовремено сподели слични искуства на италијанската држава во овие области.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе